КАФЕ ПАУЗА

Сè што треба да знаете ако вашето дете е левучар

Written by

in

,

Не е лесно да се биде левучар во свет на десничари. Родителите може да одредат која рака е доминантна кај детето кога тоа е помеѓу 2 и 3 години. Некои деца не се развиваат како левучари сè до нивната петта година, периодот кога почнуваат да држат молив и да учат да пишуваат. Што треба да знаете ако вашето дете е левучар? Како можете да му помогнете?rnrnraboti-za-levusharite-koi-e-dobro-da-gi-znaete-kafepauza.mkrn

    rn011

  • Имајте на ум дека помеѓу 5% и 10% од населението се левучари. Ова е нешто со кое се родени. Научниците дури сметаат дека се наследува ген за доминантна рака. Па, ако едниот од родителите е левучар, големи се шансите и едно од децата да биде.
  • rn011

  • Никогаш не се обидувајте да ја промените доминантната рака на детето. Нема ништо погрешно во користење на левата наместо десната рака.
  • rn011

  • Кажете им на наставниците дека детето е левучар. На овој начин наставниците може да направат распоред во седење така што детето нема да се удира со неговите соученици што пишуваат со десната рака.
  • rn011

  • Набавете триаголни или моливи со 6 страни. На левучарите овие им се позгодни за држење.
  • rn011

  • Набавете пенкала кои брзо се сушат. Левучарите секогаш ја ставаат раката врз напишаното кога пишуваат, и на овој начин си ги валкаат дланките.
  • rn011

  • Купувајте работи наменети за левучари. Работи кои се едноставни како сечењето хартија може да бидат вистински предизвик кога не одговараат на нивната рака.
  • rn

rnНе ги терајте децата да се чувствуваат поразлично од нивните пријатели. Тоа што се левучари не значи дека нешто не е во ред со нив. Научете го да ја прифати неговата уникатност. Да се живее во свет каде ништо не е направено според вас може да биде комплицирано. Но со доволно трпение, сè може да се научи.rnrnПогледнете и зошто левучарите се најдобрите партнери.