Со оглед на тоа дека се приближува новогодишната вечер и празниците, слободно можеме да си дозволиме одредена доза храброст кога е во прашање нашиот изглед, од кој, секако, битен дел се и ноктите. Денес ви откривме неколку занимливи идеи за уметност на вашите нокти. Дали ви изгледа примамливо спојот на ноктите и интернетот? За ова сигурно не сте слушнале!rnrn
rnrnПогледнете како да го направите тоа.rn
1. Снепчет линии
rnЦртањето линии на толку мала површина не е воопшто едноставно. Неопходна ви е тенка четка за цртање на ноктите. За да спречите да ви се помешаат боите, почнете од краевите и продолжете кон внатрешноста.rnrn
rn
2. Смајли на вашите нокти
rnЗа да постигнете совршен круг за вашето смајли, користите коса четка за француски маникир. За лицето на смајли фаците користете тенка четка или пак шаблони за нокти.rnrn
rn
3. Ефект на светлоста од екранот
rnДоколку сакате вашите нокти да сјаат како светлото од екранот, користете фолија за нокти. Исечете ја на парчиња и залепете ја на вашите нокти.rnrn
rn
4. Батерија од телефон
rnКога ќе го правите ова, осигурете се дека добро сте ги подготвиле плочите на ноктите за да изгледаат беспрекорно. Така вашите нокти ќе изгледаат уредно, со оглед на тоа дека ваквиот маникир ги открива сите маани на нив. Доколку не можете добро да ги средите, препорачливо е пред цртањето да ги налакирате со лак во месо боја, којшто ќе има за цел да ги маскира сите маани на вашите нокти.rnrn
rn
5. Хаштаг „hot“
rnФотографиите на Инстаграм не се целосни без добар хаштаг. За овој изглед на ноктите препорачуваме златен металик лак, а за натписот можете да користите црн. За пишувањето послужете се со тенка четка за нокти.rnrn
rn
6. WiFi француски маникир
rnФранцускиот маникир е класичен изглед на ноктите којшто сигурно сте го носеле многу пати. Меѓутоа, доколку сакате да го задржите класичниот изглед, а сепак да пробате нешто ново – ова е вистинската работа за вас!rnrn
