КАФЕ ПАУЗА

Само трпеливо: 5 природни рецепти против кандида

За лечење на кандида неопходно е да имате трпение и упорност, бидејќи може да се случи и покрај соодветниот третман, оваа здодевна габа набрзо повторно да се врати.rnrnsamo-trpelivo-5-prirodni-recepti-protiv-kandida-kafepauza.mkrnrnКандидата живее во човечкото тело, а проблемот настанува кога ќе почне прекумерно да се размножува. Оваа габа сака топли и влажни места, па затоа најчесто ја има во устата, цревата, желудникот и вагиналниот канал. На нејзиниот развој можат да влијаат многу нешта, од дијабетес, стрес и пад на имунитетот, до долготрајно користење на антибиотици и лоша исхрана.rnrnЗа среќа, за успешно лечење на кандидата, постојат неколку природни проверени лекови.rn

1. Прилагодување на исхраната

rnЗа да се излечите долгорочно, најпрво треба да направите промени во начинот на исхрана, бидејќи многу намирници го поттикнуваат нејзиниот развој. Исфрлете ги шеќерот, квасецот, белото брашно, кофеинот, печурките, сушеното овошје, сирењата, кикириките и особено алкохолот, а намалете ја и количината на млеко и овошје. Вклучете ги: лукот, киселото млеко, маслиновото масло, куркумата и сода бикарбоната.rn

2. Вагиналети и измивање

rnИзлупете едно чешне лук, и со помош на игла од едниот крај протнете конец и извлечете го од другиот. Пред да си легнете пикнете ја направената вагиналета со тоа што ќе го оставите конецот да виси како тампон. Наутро извадете го. Ставете лажичка сода бикарбона во чаша превриена вода. Кога ќе се излади, со овој раствор измијте се. Правете го ова седум дена, а потоа направете пауза.rn

3. Мешавина од чаеви

rnНаправете мешавина од по 50 г пелин и оревов лист и по 100 грама бршлен и жалфија. Три лажици од оваа мешавина прелијте ги со 0,5 литри вода, промешајте и оставете да седи поклопена еден час. Пијте два пати на ден, незасладено.rn

4. Кантарион

rnЧајот од кантарион е ефикасно средство против кандида. Лажичка кантарион прелијте со 2 дл зовриена вода и варете 15 минути. По четвртина шолја млак чај пијте по 3 пати на ден.rn

5. Здрав коктел

rnНаправете здрав коктел од чаша јогурт, 2 чешниња лук, еден морков и по половина лажичка ѓумбир цимет. Изрендајте ги тврдите состојки и прелијте ги со јогуртот. Оставете го коктелот малку да отстои. Можете да го користите како салата еднаш на ден.