Сакате здрава и сјајна кожа? Користете алое вера!

Сподели

Алое вера е едно од ретките растенија кое прави чуда во поглед на целокупното здравје. Станува збор за билка која потекнува од Арапскиот Полуостров и која се карактеризира со присуство на околу 240 хранливи состојки, меѓу кои фолна киселина и витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц и Е. Особено позната е по нејзините антибактериски својства, а во последно време сè поактуелна станува и кај нас. Во продолжение зошто треба да користите алое вера доколку сакате да имате здрава и мазна кожа.

Реклама

rn

1. Средство за чистење на кожата

rnЕдна од најдобрите примени на алое вера во негата на кожата е тоа што може да се користи како средство за чистење и отстранување на шминката и нечистотиите. Покрај тоа, неговите антибактериски својства ја штитат кожата од алергии.rn

Реклама

2. Средство за хидратација

rnВодата во ова растение е застапена со дури 95% и затоа алое вера е одличен избор за хидратација на вашата кожа без да ја прави мрсна или леплива.rn

3. Антиинфламаторни својства

rnОваа билка се карактеризира со антиинфламаторни својства и служи како заштита од бактерии и акни.rn

4. Ја штити кожата од стареење

rnДали знаевте дека алое вера ефикасно делува при намалување на брчките? Доволно е редовно да го нанесувате гелот на кожата, а резултатите ќе бидат видливи по само неколку дена!rn

Реклама

Како да го користите гелот од алое вера за нега на кожата?

rn

1. За сјаен тен

rnСè што треба да направите е да земете една лажица гел од алое вера и да го измешате со мед и млеко, а потоа да ја нанесете смесата на кожата со нежни движења.rn

2. Како тонер

rnИзмешајте го гелот од алое вера со вода и користете го како тонер за хидратација на кожата во кое било време, на кое било место. Како што веќе ви е познато, гелот содржи хидратантни својства кои ќе ѝ дадат свеж изглед на кожата.rn

3. Како гел за миење лице

rnНавечер, пред легнување, со врвовите на прстите нанесете тенок слој алое вера на лицето. Распределете го со кружни движења, а потоа исплакнете со ладна вода.

Откако прочитавте како да ја одржувате кожата здрава и сјајна со помош на алое вера, можеби ќе сакате да прочитате и дали сокот од алое вера навистина прави чуда за вашиот организам.

Извор: pinkvilla.com

Најново

Може ќе ве интересира