Веруваме дека веќе имате фризура на која сте навикнати и мислите дека таа најдобро ви одговара. Но, прочитајте ги советите од експертите и откријте дали сте во право или некои работи сепак можете да ги подобрите.rnrn
rn
1. Ако имате овално лице
rnСметајте се за среќница, бидејќи на жените со ваков облик на лице им прилега скоро секој патец. Сепак експертите го препорачуваат тој на средината. Ако сакате да го издолжите лицето, скратете ги шишки до должина на јаболкниците.rnrn
rn
2. Ако имате издолжено лице
rnЗа жените со ваков облик на лице им се препорачува патец на страна, но и колку е можно побујна фризура.rnrn
rn
3. Ако имате округло лице
rnПатецот на средина ќе ви даде илузија на должина и симетрија, па со него ќе отстраните неколку килограми од лицето. Освен тоа, фризерите препорачуваат жените со ваков облик на лице почесто да носат рамна коса, бидејќи локните оставаат впечаток на широко лице.rnrn
rn
4. Ако имате срцевидно лице
rnАко имате долга коса, избирајте патец на средината. Доколку имате кратка коса, тогаш носете го настрана за визуелно да не го проширите лицето.rnrn