КАФЕ ПАУЗА

Рецепт за природно ѓубриво за здрави и бујни цвеќиња!

Рецепт за природно ѓубриво за здрави и бујни цвеќиња!

По долгиот престој во затворен простор, неопходно е да им обезбедите на цвеќињата соодветна исхрана и што е можно повеќе сончева светлина. На растенијата им се потребни одредени витамини и минерали за да растат и да цветаат. Во продолжение ви споделуваме рецепт за органско ѓубриво за цвеќиња.rnrnРецепт за природно ѓубриво за здрави и бујни цвеќиња!rnrnСтанува збор за ѓубриво кое можете да го користите не само за растенијата во затворен простор, туку може да биде идеален избор и за растенијата кои го украсуваат вашиот двор и балкон.rnrnПотребни ви се две состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата куќа – кора од банана и лушпа од јајце. Земете една кора од банана и лушпи од две јајца, ставете ги во блендер со малку вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Истурете го ова природно ѓубриво во шише и додадете вода. Протресете го и наводнете ги растенијата со добиената течност. Со овој третман, вашите цвеќиња ќе станат побујни и поздрави.rnrnКората од банана содржи фосфор, кој позитивно влијае на цветањето на растението, калиум, кој го поттикнува растот и развојот и калциум што го зајакнува растението. Лушпите од јајца, пак, се богати со калциум, а содржат и магнезиум, фосфор, калиум и натриум – состојки кои позитивно делуваат на квалитетот на почвата и придонесуваат за здрави и цврсти стебла.rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за природно домашно ѓубриво за цвеќиња, можеби ќе сакате да прочитате и како правилно да одгледувате лаванда во вашата градина.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs