Карактерот INFJ (Introverted intuitive Feeling Judging) е исклучително редок, а само 2% од луѓето во светот може да се пофалат со таа посебна комбинација на особини кои резултираат со многу интуитивни, емотивни и силни луѓе, способни за постигнување големи работи во животот. Ако некогаш сте се чувствувале како да не припаѓате во вашата околина или како никој да не ве разбира, постои голема шанса дека сте INFJ тип на личност. Во продолжение следуваат карактеристиките што ги красат овие ретки и прекрасни луѓе.rnrn
rn
1. Сакате да пишувате
rnОвие луѓе обожаваат да пишуваат, бидејќи во друштвото не сакаат да ги покажуваат своите чувства и мисли. Интровертни се и не сакаат голема интеракција со другите луѓе, па поголемиот дел од своите чувства и мисли со задоволство ги запишуваат.rn
2. Сочувствителни се
rnЕмпатијата е способност за лесно споредување и поврзување со чувствата на другите. Токму заради оваа особина луѓето сакаат да ви се доверуваат и вие ќе бидете првите на кои ќе им се јават кога ќе се сретнат со некој проблем.rnrn
rn
3. Контрадикторни сте
rnЧесто сте контрадикторни, а вашето расположение се менува интензивно и брзо. Во еден момент се смеете, а во друг ви леат солзи и не можете да ги сопрете.rn
4. Лесно поврзувате и создавате целини
rnИмате фантастична способност за препознавање на примерите и брзо и едноставно ги спојувате сите точки за да дојдете до заклучокот.rn
5. Вие сте трудољубив работник
rnВерувате дека трудољубивата работа е вистинскиот чекор кон остварување на целите. На работата секогаш ѝ приоѓате со ентузијазам и не се плашите од предизвици.rnrn
rn
6. Интуитивни сте
rnЦелосно се потпирате на вашата интуиција. Верувате дека во животот ве води нешто поголемо од вас и дека ве насочува кон добри одлуки. Дури и во случај на лоши одлуки, вие сте потполно свесни и ги чувствувате однатре како грч кој ве стега.rn
7. Брзо ги осудувате луѓето
rnИмате лоша навика да ги осудувате луѓето околу себе, а „благодарение“ на вашиот директен пристап често знаете и да ги повредите.rn
8. Секогаш ја барате вистината
rnИмате силна потреба да ја истражувате вистината на универзумот. Верувате дека сѐ е поврзано во космосот и постојано сте во потрага по скриеното значење на сето она што се случува во нашиот универзум.rnrnДали сте успешна личност? Ова се особините по кои се издвојуваат успешните луѓе.