КАФЕ ПАУЗА

Психолозите откриваат: Што треба да направите за да преземете контрола врз сопствениот живот?

Психолозите откриваат: Што треба да направите за да преземете контрола врз сопствениот живот?

Written by

in

,

Одвреме-навреме, сите се прашуваме како би можеле да си го подобриме животот. Одговорот е всушност многу едноставен. Сѐ што треба да направите е да го смените начинот на размислување.rnrnПсихолозите откриваат: Што треба да направите за да преземете контрола врз сопствениот живот?rnrnКерол Двек е психолог на Стенфорд и тврди дека „развиениот начин на размислување“ е главниот фактор што може да ви помогне да го извлечете максимумот од себе. Таа вели дека постојат 2 вида луѓе во светот: Оние кои имаат развиен начин на размислување и оние кои имаат фиксен начин на размислување. Успехот што ќе го постигнете во животот зависи од тоа во која категорија припаѓате.rnrnЛуѓето со фиксен начин на размислување не можат да слушаат негативни критики и имаат силен порив да ја докажат својата интелигенција. Тоа ги спречува да го остварат својот целосен потенцијал. Доколку размислувате фиксно, тоа значи дека не можете да му пристапите на светот на позитивен начин.rnrnРазвиениот начин на размислување е многу поинаков. Таквите луѓе постојано бараат предизвици и сакаат да се развијат што е можно повеќе. Ваквите луѓе се слободоумни и знаат како да прифатат критика.rnrnШто мислите, како размислувате вие? Дали имате развиен или фиксен начин на размислување? За да добиете повеќе информации на оваа тема, погледнете го TED говорот на Керол Двек…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=_X0mgOOSpLUrnrnДоколку сакате да си го подобрите животот, дознајте и како да се ослободите од негативните мисли.