КАФЕ ПАУЗА

Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

Written by

in

,

Дали сакате професионално да ја стилизирате храната или да дегустирате вина? Погледнете ги најинтересните професии кои се бараат во светот и со кои можеби и вие ќе сакате да се занимавате. Па зарем има ли некој кој не би сакал да дегустира сладоледи и за тоа да зема 60.000 долари годишно?rnrnПрофесиите од соништата постојат и тие се одлично платениrn

1. Техничар кој ги крева работите во воздух – 150.000 долари годишно

rnОваа личност е задолжена да ги крева во воздух сите потенцијални опасни работи и објекти кои сѐ уште не експлодирале. За да се искачат на скалата на успехот, треба да поседуваат одредени квалификации кои не е тешко да се добијат.rn

2. Хеликоптерски пилот за далеководи – 101.000 долари годишно

rnРаботата се состои од летање покрај далеководи и проверување на нивната исправност и функционалност со помош на камера која е прицврстена на самото летало. Природно, за оваа работа треба да имате соодветно образование, но добрата вест е што во Америка можете да добиете пилотска дозвола ако поминете 2.000 часа во воздух.rn

3. Пилот/управувач со воздушен балон – 70.000 долари годишно

rnМожете да летате со балон во текот на целиот ден и сѐ што ви треба е само една пилотска дозвола.rn

4. Работа во областа на синхронизација – 80.000 долари годишно

rnСинхронизација на реклами, анимирани филмови… Не ви се потребни никакви посебни квалификации, иако постојат курсеви за правилно акцентирање, дикција и изговор, воопшто.rn

5. Играч на видео игри – 50.000 долари годишно

rnНезависно дали се работи за тестирање на новите видео игри или помагање на другите играчи да стигнат до следното ниво, сѐ што ви е потребно за оваа работа е љубовта кон гејмерската индустрија.rn

6. Автор на крстозбори – 70.000 долари годишно

rnПравењето крстозбори за весниците на прв поглед можеби изгледа лесно, но станува збор за една навистина комплицирана работа за која е потребно многу време и трпение да ја совладате.rn

7. Дегустатор на сладоледи – 60.000 долари годишно

rnЛичноста која се бави со оваа работа треба да има некакво искуство во светот на кулинарството, а не само да биде љубител на сладоледи, бидејќи треба да го оцени вкусот, текстурата, мирисот и другите елементи на овој вкусен десерт.rn

8. Дегустатор на вино – 51.000 долари годишно

rnТреба да знаете да им препорачате на клиентите различни вина. Потребен е и курс, но и долгогодишно искуство, но потоа следат патувања и дегустација на најфините вина ширум светот.rn

9. Стилист за храна – 77.000 долари годишно

rnПрофесијата вклучува подготовка и стилизирање на храната за списанија и реклами. Условот е страста кон храната и креативноста, но и естетскиот пристап. Предност при вработувањето ќе имаат личностите кои имаат завршено соодветно образование или посетувале кулинарски курсеви.rn

10. Етички хакер – 140.000 долари годишно

rnОвој тип хакери се ангажирани од страна на владите и компаниите за да се одбранат од другите хакери. Природно, потребни ви се високо образование и искуство во ИТ секторот.rn

11. Главен офицер за прислушување – 140.000 долари годишно

rnДоколку ве привлекува шпионажата, тогаш не правете го тоа бесплатно. Оваа професија бара следење на социјалните мрежи и пронаоѓање податоци кога и каде се спомнуваат одредени компании кои ќе ве плаќаат. Освен личните склоности, добро би било доколку имате соодветни квалификации од областа на маркетингот и искуство со работа на социјалните медиуми.rn

12. Инженер на трки – 134.000 долари годишно

rnОваа личност служи како главен комуникатор помеѓу тркачките автомобили и возачите. За оваа работа ќе ви биде потребно добро познавање на математиката и физиката, поконкретно диплома од едно од овие две подрачја и докажано искуство.rn

13. Лик од анимиран филм од Дизни – 32.000 годишно

rnДоколку не ви е проблем да се облечете како некој лик од анимираните филмови од Дизни и да парадирате цел ден, тогаш ова е вистинската работа за вас. Потребни ви се конкретни физички предиспозиции и карактеристики, како висина и изглед, но и комуникација со децата.rn

14. Холивудски каскадер – 100.000 долари годишно

rnАко ова ве интересира, тогаш бидете подготвени на тепачки, бегање од експлозии и живеење во голема опасност. Но, дури и со одличната физичка издржливост, сепак мора да поминете низ обуката за каскадери.rn

15. Дизајнер на градини во филмовите – 84.000 долари годишно

rnДоколку ја сакате природата и имате око за уредување на зеленилото, а со тоа и поседувате уметнички таленти и основно познавање на филмот и градинарството, тогаш можете добро да заработите ако ја изберете оваа професија.