КАФЕ ПАУЗА

Пристигна одговорот на ова популарно прашање: Кога е подобро да се истуширате?

Пристигна одговорот на ова популарно прашање: Кога е подобро да се истуширате?

Written by

in

,

Прашањето е старо колку и самото туширање – Дали е подобро да се истуширате во вечерните часови или наутро? И додека повеќето се раководат според личните потреби, експертите од Универзитетот „Харвард“ конечно пронашле одговор и на ова прашање.rnrnПристигна одговорот на ова популарно прашање: Кога е подобро да се истуширате?rnrnОткриле дека не постои никаква разлика во чистотата на телото помеѓу луѓето кои се тушираат наутро или навечер, така што од хигиенска гледна точка, времето не влијае на самиот чин.rnrnНо, постојат и други нешта кои влијаат на туширањето – пред сè, состојбата на организмот.rnrnЗначи, не е добро да се ограничите само на утринско или на вечерно туширање, туку треба да се прилагодите и на ситуацијата во која се наоѓате.rnrnСпоред психологот на Универзитетот „Харвард“, Шели Карсон, утринскиот туш е подобра опција кога работите под стрес, или кога треба да бидете креативни. Ваквиот туш ќе ве релаксира, па когнитивните процеси ќе се регенерираат и решенијата сами ќе ви надоаѓаат.rn

Забавната страна на туширањето

rn

    rn 011

  • Околу 8% од луѓето пеат под туш,
  • rn 011

  • Околу 2% од нив се посветени на самото туширање,
  • rn 011

  • Околу 90% од нив донесуваат животни одлуки за време на туширањето.
  • rn

rn

Вечерен туш

rnСтудијата покажува дека тушот пред спиење е добро решение за луѓето кои имаат проблем вистински „да се одморат“ и да се наспијат, затоа што туширањето го намалува нивото на хормонот на стрес, кортизол. Тушот ја регулира температурата на телото и има ефект на ладење, а тоа е природен начин да се подготвите за спиење.rnrnДерматолозите, исто така, сметаат дека туширањето во вечерните часови е подобро за оние со проблеми со кожата бидејќи себумот и разните загадувачи се акумулираат во кожата во текот на денот.rnrnНе користете сапун или гел за туширање секогаш!rnrnЕкспертите предупредуваат дека секојдневното туширање, колку и да е пријатно и пожелно во услови на изложеност на топлина и потење, не е толку здраво за кожата бидејќи ги суши природните масти кои служат како заштита. Агресивните агенси во многу хигиенски средства како СЛС (содиум лаурет сулфат) и парабените, може да предизвикаат прекумерно сушење на кожата, па дури и потење, па затоа се советува само повремено да користите гелови за туширање и почесто да се туширате само со обична вода.rnrnНавиките за туширање се често и културолошки, па така во Азија, на пример, луѓето се тушираат почесто во вечерните часови, додека во САД луѓето обично се тушираат наутро.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?