Сите ние знаеме понекогаш да претераме. Овие реакции не се секогаш лоши, но сепак треба да се обидете да ги сведете на минимум.rnrnПонекогаш луѓето кои поминуваат низ стресен период имаат тенденција да ги преувеличуваат лошите нешта кои им се случуваат. Тие едноставно не можат да се справуваат со проблемите без притоа да ги третираат како да е крај на светот. Секако, сите искусуваат дневен стрес и фрустрации, но доколку претерано реагирате на одредени ситуации вие додавате непотребен стрес и драма без кои многу подобро би се справиле со проблемот.rnrn
rnrnВо денешно време претерувањето изгледа како нормален реакција во нашите секојдневни животи. Понекогаш дури можеме да помислиме и дека луѓето уживаат да претворат нешто „од мравка во слон“, можеби затоа што на некој начин се зависни од нивните проблеми и драмата која ја доживуваат покрај нив.rnrnПогледнете ги овие 3 начини на кои вашите претерани реакции можат да предизвикаат непотребен стрес…rn
Претерано генерализирање
rnОва се случува кога премногу често мислиме дека нешто лошо ќе ни се случи. На пример, лоши нешта можат да му се случат секому и во кое било време, можеби некој ќе истури кафе врз својата кошула или нема да му се јават после љубовен состанок или пак можеби ќе ги изгуби своите клучеви… И во овие моменти одредена личност може да си помисли: „Ова секогаш ми се случува мене!“ Токму ова размислување е еден вид претерана реакција. Понекогаш изгледа како луѓето да ги помнат само лошите нешта кои им се случувале во животот и целосно да ги заборават оние периоди кога ништо лошо не им се случувало.rnrnМногу е важно да избегнувате ваков вид искривено размислување. Кога ќе забележите дека помислувате нешто како ова, обидете се направите еден чекор наназад и активно да ги анализирате претходните неколку настани или ситуации кои сигурно ќе ви покажат дека не сте во право. Дали навистина само вас „секогаш“ ви се случуваат лоши нешта? Можете ли да се сетите на ситуации кога работите тргнале во онаа насока во која вие сте посакувале да одат? Размислете…rn
Катастрофирање
rnОва се случува кога им придаваме преголема важност на одредени нешта кои моментално ни се случуваат во животот. Во одреден момент многу е лесно да почувствувате како една лоша работа да може целосно и засекогаш да го смени вашиот живот или пак, дека навистина дошол крајот на светот за вас. Но, најчесто тоа не е вистина. Она што во одреден момент изгледа како премногу голема работа ќе стане помалку значајно за вас доколку за тоа размислувате неколку денови, недели или месеци подоцна.rnrnЗнаците за катастрофирање во вашиот секојдневен живот вклучуваат мисли како, „Ова е најлошиот ден во мојот живот!“, „Никогаш повторно нема да бидам среќен/на!“ или пак, „Јас сум целосен губитник кој не успева во ништо.“ Ваквиот вид претерани реакции најчесто не ја рефлектира вистината. И тогаш кога ќе одлучите дека одредени нешта се полоши отколку што навистина се, тогаш вашето искуство станува многу стресно и болно. Токму затоа обидете се во вакви ситуации да го побарате „светлото на крајот од тунелот“. Обидете се да бидете малку пооптимистични и попозитивни за целата работа. Доколку го сторите тоа многу брзо ќе ја смените вашата перцепција за одреден проблем и ќе се зачудите колку лесно ќе можете да си помогнете на себе.rn
Пребрзо донесување на заклучоци
rnОва се случува кога мислиме дека доволно добро познаваме одредена ситуација и скоро инстантно донесуваме заклучок кој најчесто е далеку од самата вистина. Кога донесуваме пребрзи заклучоци за одредена ситуација ние се потпираме на нецелосното познавање на работите, при што ни недостасуваат многу важни информации и токму поради тоа добиваме погрешни впечатоци. На пример, доколку вашиот/та сопруг/а една вечер си дојде подоцна дома, вие без да го/ја прашате зошто, можеби веднаш ќе помислите дека ве изневерува. Тоа се случува бидејќи не ја знаете целата приказна. Наместо претерано да изреагирате и да предизвикате непотребна драма, смирете се, земете длабоко воздух и соочете се со проблемот така што отворено ќе разговарате за ситуацијата. Без разлика за што станува збор.rnrnБидете внимателни кога ќе забележите дека низ главата ви поминуваат мисли како „Јас сум 100% сигурен/на!“, „Јас знам без разлика на фактите“, или пак, „Нема шанси тоа да се случило…“ во ситуации кога вие всушност не знаете дали вистината во која верувате навистина постои. Понекогаш е подобро едноставно да го тргнете вашето размислување на страна сè додека немате доволно реални факти и причини без никаков сомнеж. Знаете како велат, „личноста е невина сè додека не се докаже спротивното.“rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.