Дали понекогаш посакувате да постои формула за полесно препознавање на верноста кај мажите? Иако не постои 100% гаранција за такво нешто, сепак одредени карактеристики може да предвидат дали тој е предиспониран да биде верен.rnrn
rn
Тој ги почитува жените
rnМажот кој има почит кон понежниот пол е помалку наклонет да ја гледа жената само како објект. Според бихејвиористичкиот специјалист и терапевт, Патрик Ванис, начинот на кој мажот прави нешто е всушност начинот на кој тој прави сè. Тоа значи дека ако тој ги почитува жените, тогаш сигурно не е заинтересиран за авантура за една вечер.rn
Тој е емоционално интелигентен
rnЕмоционалната интелигенција е голем показател за тоа дали мажот е предодреден да биде верен или не. Како да дознаете колку тој е емоционално интелигентен? Едноставно, забележете дали тој размислува пред да дејствува и како се справува со расположението на луѓето околу него.rnrn
rn
Тој го исполнува ветувањето
rnЛичноста која има интегритет ја покажува својата посветеност преку тоа што го прави, не преку тоа што го кажува. Верниот маж ќе го одржи ветувањето што ви го дал. Тој ќе вечера заедно со вас, дури и ако неговите пријатели имаат билет повеќе за натпреварот кој тој не би сакал да го пропушти.rn
Тој не бара внимание
rnМажот кој копнее по сечие внимание е способен да го игнорира однесувањето на жената кое можеби веќе ја преминало границата на толеранција. Ова можеби изгледа безопасно на почетокот, но ако таквото однесување продолжи, може да доведе до сексуална тензија.rnrn
rn
Тој е сигурен во себе
rnНесигурноста и желбата за внимание одат рака под рака. Мажот кој е сигурен во себе добива целосно признание за тоа од една жена. Нему не му се потребни повеќе жени истовремено за да му ја потврдат сигурноста. Ако тој е сигурен во себе, тогаш лесно ќе ги признае своите слабости без воопшто да си го повреди егото.rn
Тој не ризикува
rnОној кој презема ризици најчесто се води според начелото дека ќе има со што да се здобие, додека верниот маж размислува поинаку. Тој не сака да ризикува затоа што така може повеќе да изгуби, отколку да добие. Верниот маж нема да ве изневери затоа што не би ризикувал да ја изгуби вашата љубов.rnrn
rn
Тој е благодарен
rnЧовекот кој го цени животот чувствува исполнетост која ја обезбедува неговата верност. Тој секогаш е задоволен со тоа што го има и не бара повеќе, па затоа никогаш нема да побара нешто подобро. Едноставно, верниот маж е благодарен за тоа што веќе го има.rn
Тој знае како да комуницира
rnНаместо да ги игнорира проблемите и да ги потиснува негативните чувства, верниот маж има капацитет да биде отворен во врска со своите емоции. Тој без никаков проблем ќе ѝ каже на жената доколку не е среќен или ако неговите потреби не се исполнети.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
