КАФЕ ПАУЗА

Ако ја правите оваа грешка при нанесување спреј за сончање, ниту фактор 50 нема да ви делува!

Правите грешка при нанесување спреј за сончање: Поради неа ниту фактор 50 нема да делува

Written by

in

,

Конечно дојде лето и можеме да се пофалиме со топло време и високи температури. Сакаме целосно да ги искористиме топлите денови и да појдеме на плажа или базен, на прошетка во природа или да се искачиме на планина каде што воздухот е поладен. Кој и да е вашиот избор, вие треба да бидете заштитени од директното продирање на сончевите зраци на вашата кожа. Должни сте на вашата кожа да ѝ ја дадете потребната нега ова лето.rnrnПравите грешка при нанесување спреј за сончање: Поради неа ниту фактор 50 нема да делуваrnrnАко користите спрејови со фактор како заштита од штетното сонце, важно е да знаете правилно да ги нанесувате за тие добро да дејствуваат.rn

„Повеќето луѓе не го нанесуваат спрејот за сончање во доволна количина што е потребна за да ги заштити. Потребно е спрејот да се нанесе обилно, односно додека не стане видлив на кожата, за да може да се впие во кожата. Тој исто така треба и да се нанесува многу често. Потребно е спрејот да се прска околу шест секунди за да се нанесе во доволна количина. На пример, ако нанесувате фактор 45 само две-три секунди, реално добивате заштита со фактор 10 или 12“, напоменува њујоршкиот дерматолог Раман Мадан.

rnСе препорачува и комбинирање на лосион и спреј за сончање кој им е попрактичен на повеќето за употреба на плажа. Лосионот нанесете го уште пред да излезете од дома, а на плажа обновете ја заштитата користејќи спреј и правете го тоа на секои два часа.rnrnКога станува збор за заштита на лицето, спрејот за сончање никогаш не го нанесувајте прскајќи директно во лице за да го избегнете неговото вдишување. Спрејот обилно нанесете го на дланките и потоа намачкајте го на лицето.