Добро проверете кои се тие работи, бидејќи за некои од нив сме сигурни дека редовно ги правите. Една мајка по долго разгледување ја составила оваа листа со цел да им помогне на останатите ширум светот. Држете се до неа за доброто на вашите деца, но и за свое добро, бидејќи како што таа вели, родителите имаат тешка задача да го направат најдоброто за своите деца, а тоа честопати бара цврста рака и одлучно „Не“. Нешто што на многумина родители не им оди од рака, бидејќи секогаш и постојано сакаат да направат „повеќе“ за своите деца.rnrn
rnrnРодителите треба уште од мали да им постават добра основа на децата, за еден ден да бидат способни самите да се погрижат да ги исполнат сопствените желби. Затоа работата на родителите не е и не смее да биде исполнување на нивните желби, и иако можеби звучи грубо, тоа е реалност која сепак морате да ја знаете. Па што никогаш не треба да правите за вашите деца?rn
1. Не гответе две јадења, бидејќи детето нешто не сака да јаде
rnНема да го засака ако не го проба.rn
2. Не попуштајте само затоа што цимоли
rnПремногу често децата намерно плачат и цимолат само за да добијат нешто. Ако еднаш попуштите, секој нареден пат цимолењето ќе биде уште погласно, бидејќи тие ќе научат дека овој трик им успева.rn
3. Не ја пишувајте домашната задача наместо нив
rnМожеби би било побрзо доколку родителите почесто се задлабочуваат во детската домашна работа, но каква е користа од тоа? Каде е тука нивното знаење и нивните способности? Всушност, домашната задача е и осмислена за да можат децата самите да ја решат дома. Тоа е дел од нивното школување.rn
4. Не ги заменувајте скршените играчки со нови
rnДодека траеле, траеле. Како ќе научат да ги ценат работите ако постојано им купувате нови?rn
5. Не им купувајте сѐ што имаат и другите
rnНа децата кои сакаат да имаат сѐ исто и ново како што имаат нивните пријатели, единствената лекција која можете да им ја кажете е: „Јас не сум мајката на твојот другар или на твојата другарка.“ Тоа е реченицата која можеби и вас како мали ве нервирала, но во неа има толку многу вистина, па затоа не ја игнорирајте. Кога самите ќе почнат да заработуваат ќе сфатат дека е едноставно невозможно да имаат баш сѐ што ќе посакаат, а дотогаш ќе ви заштедат доста пари и нерви.rn
6. Не дозволувајте им да трошат многу време пред екраните
rnДецата земаат колку што им давате и уште малку повеќе. Тоа е познато детско правило, поради кое вие како родител морате да знаете како да го контролирате. Посебно кога станува збор за времето кое го трошат на видео игри.rnrn
rn
7. Немојте да го барате сето она што го изгубиле
rnДецата постојано губат работи, но тие ќе бидат во состојба да ги пронајдат истите само кога ќе сфатат дека вие нема да го направите тоа наместо нив.rn
8. Не ја средувајте нивната соба и не го чистете нередот
rnВашето име е мајка, а не слугинка. Вашата улога е да ги научите самите да си ја исчистат собата, а не вие да го правите тоа наместо нив.rn
9. Не ги носите на училиште
rnОсвен ако навистина доцнат, поради ваша вина, не треба да се мешате во нивниот превоз до училиште. За сѐ останато имаат нозе, дозволете им самостојно да се движат и на тој начин многу побрзо ќе почнат да созреваат и за останатите обврски во домот.rn
10. Не им купувајте брендирана облека
rnДецата би требало безгрижно да си играат и да се валкаат, а не постојано да внимаваат на својата скапа облека.rn
11. Не ги водите нивните битки
rnДецата едноставно мора да научат да се изборат за себе, дури и да се расправаат ако е потребно. Родителот е тука како нивна поддршка, не како адвокат. Тие мора да научат да се борат самите за себе, бидејќи тоа е вештина која ќе им биде потребна тогаш кога мама и тато повеќе нема да бидат тука за нив.rn
12. Не им го носите она што го заборавиле
rnДецата многу добро знаат дека во близина на своите родители не мораат многу да мислат со својата глава. Тоа инаку се нарекува одговорност, која нема да ја стекнат доколку вие мислите наместо нив. Оставете ги нека заборават, нека отидат во училиште, па и без ранец ако треба, а следниот пат подобро ќе размислат.rnrn
rn
13. Не ги водите за рака, без разлика за каков проект станува збор
rnНивна работа, нивен проект, нивно училиште, нивно растење. И сето тоа мора да го поминат со ваша помош, но не вие да им бидете лидери.rn
14. Не им давајте онолку пари колку што бараат
rnМама и тато не се банкомати, а нивните деца не се нивен единствен „трошок“. Научете да кажете „не“ за тие што побрзо да ја дознаат вредноста на парите.rn
15. Не им купувајте автомобил веднаш штом положат возачки испит
rnЗнаете, богатите луѓе грешат, дури и повеќе од „нормалните“ родители, бидејќи мислат дека со парите ќе му купат сѐ што му е потребно на детето. Дали им е потребен нов автомобил? Па и не баш!rn
16. Не им дозволувајте летувањата да ги минуваат сами ако не сте подготвени
rnАко ви изгледа дека се премлади, а инаку не сте попустливи, слободно кажете им дека ќе одат сами на летување дури за некоја година. Што ви одговориле? Дека тоа не е фер, бидејќи нивните пријатели имаат дозвола! Секако, одговорот лежи во точка број 5.rn
17. Не дозволувајте преспивање кај пријателите за време на училишните денови
rnУчилишните денови се резервирани за училиштето, учењето и одморот, а викендите за ваквиот вид дружења.rn
18. Излегувања до зори – не, никако!
rnИако децата почнуваат да излегуваат сѐ помлади, а излегувањата траат до подоцна, останувањето надвор цела ноќ без надзор навистина не е добра лекција. Можеби вашето дете и неговите пријатели, ако им го дозволите тоа, ќе ве сметаат за кул мајка, но сетете се дека на децата не им се потребни кул мајки, туку родители со цврсти раце.rnrn