КАФЕ ПАУЗА

Погледнете како да ги отстраните стриите по природен пат

Жените ги добиваат стриите во кој било период од нивниот живот, од пубертет па сè до старост и за жал никој не е поштеден од овие бели линии на телото. Главен фактор за создавањето на стриите е одеднаш променетата телесна тежина, нејзиното често варирање, како и наглиот и брз раст во пубертетот. Поедноставно кажано, никој не е имун на нив.rnrnpoglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-kafepauza.mkrnrnБрзото ширење на кожата во текот на дебелеењето е проследено со споменатите промени на кожата, кои се јавуваат во вид на пукнатини во различни бои. Нивната боја варира од виолетова па сѐ до нешто посветла нијанса од онаа на самата кожа. Токму дебелината во пределот на стомакот, бутовите и задникот е главен предуслов за настанување на тие ситни пукнатини по кожата, односно стрии.rnrnИако овој проблем ги мачи сите жени со децении, денес постојат многу природни третмани кои можете да ги направите дома со чија помош ќе ги отстраните стриите за неколку месеци. Можеби ефектот не е моментален, но мора да бидете упорни за да ги отстраните белезите од кожата кои најмногу се гледаат во лето, кога треба да облечете костим за капење или кратка облека.rn

1. Кокосово масло

rnКокосовото масло навистина може да направи чудо за кожата, а многу е ефикасно и кога станува збор за отстранување на стриите. Тоа ја зголемува еластичноста на кожата, ја поттикнува нејзината регенерација и ја штити од воспаленија, вируси и бактерии. Втријте го маслото на местото каде што се појавиле стриите и повторувајте ја оваа постапка 3 пати неделно. Значајна разлика ќе забележите за недела дена.rnrn4-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-kafepauza.mkrn

2. Алое вера

rnАлое верата содржи голема количина на билен колаген кој помага во обновувањето на кожата. Најефикасен е чистиот гел од алое вера. Него намачкајте го на кожата и оставете го 2 часа за да се впие, за третманот да биде успешен, а потоа исплакнете со вода. Често почестувајте се со овој третман, бидејќи ја одржува природната влажност на вашата кожа.rn

3. Сок од лимон и портокал

rnЛимоновиот сок е еден од најефикасните начини за отстранување на стриите и нивната видливост, што е резултат на неговите избелувачки својства. Втријте го сокот од исцеден лимон или портокал со кружни движења на местата каде што се видливи стриите. Не облекувајте облека, туку почекајте околу 15 минути додека кожата не го впие сокот, а после тоа измијте ја кожата со млака вода. Постапката повторувајте ја секој ден за подобри резултати.rnrn2-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-www.kafepauza.mk_rn

4. Рицинусово масло

rnКога рицинусовото масло се користи за масажа, тоа помага стриите да бидат што е помалку видливи. Рицинусовото масло ја хидрира кожата, ѝ ја враќа еластичноста, а помага и за отстранување на брчките. Во некои делови на Индија, масажата со рицинусово масло им се препорачува на трудниците и на родилките за отстранување на стриите, во комбинација со топли купки – па, може да пробате и самите.rn

5. Масажа со природни масла

rnСо масажата ѝ помагате на кожата да се ослободи од токсините, да се регенерира, а секако е препорачлива и за отстранување на стриите. За најдобри резултати масирајте се со бадемово масло. Многу е богато со витамин Е, но исто така ѝ помага на кожата во создавање на колaген и еластин.rnrn3-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-www.kafepauza.mk_