Кога нашето срце е скршено, многу често забораваме дека и на другата страна не ѝ е лесно. Ние сме толку насочени кон себе и кон својата тага што воопшто не ни помислуваме дека и тие поминуваат низ истите фази на тагување како и ние. Токму затоа и оваа девојка решила да го објави своето писмо наменето за бившиот партнер, со цел да ни покаже дека крајот на врската никогаш не е лесен, ниту за оној кој е напуштен, ниту за оној кој напушта…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnИзвини што ти го скршив срцето. Извини што направив да се чувствуваш како да не вредиш. Ти вредиш. Иако токму тогаш, кога седеше на спротивната страна од мене, ти не вредеше – барем не како порано. Не постои правилно и погрешно во тоа, можеби еден ден кога ќе се најдеш на моето место, кога ќе раскинеш со девојка која седи пред тебе и плаче без престан, па ќе сфатиш конечно. Токму тогаш ќе знаеш дека не беше погрешно тоа што го чувствував.rnrnИзвини што не те задржав, извини што лабаво ја оставив мојата рака да лежи во твојата, додека ти очајно ја притискаше. Те молам разбери дека со часови ја држев твојата рака, но повеќе не можам.rnrnИзвини што не те бакнав кога го побара тоа од мене и како замена ти понудив прегратка. Се надевам дека нема да заборавиш на сите оние илјадници пати кога среќно те бакнував, но едноставно повеќе не можам.rnrnИзвини што не бев убедена во ништо од тоа што го кажа, во ниту еден збор кој излезе од твојата уста. Не бев убедена, но тоа не значи и дека не ми влијаеше. Тие зборови ме потсетуваа на летни дождови, есенски град и малите зимски вирови од сончева светлина – беа прекрасни бидејќи беа искрени, излезени директно од твоето срце додека тоа се кршеше. Додека седев на спротивната страна од затемнетата просторија и вечерта се топеше низ завесите.rnrnМожеби не треба да се извинувам за крајот помеѓу нас, но треба да се извинам за чувствата кои се сменија. Еднаш бевме странци, па пријатели, па љубовници и сега ќе сфатам доколку никогаш повеќе не сакаш да ме видиш. Доколку си направил простор за непознатото со цел да направиш простор за нежното познато како растурените чаршафи на креветите, заодливите парфеми и половично подготвените компири за појадок, тогаш зошто да не би направил место за делумно непријатната љубезност составена од ненадејни поздравувања и кратки разговори?rnrnКога нештата се менуваат, ние немаме никакви шанси да го контролираме начинот на кој тие ќе се сменат, туку едноставно се впуштаме во љубовните писма, чоколадите, безбројните чаши вина, долгите прошетки, подароците за Денот на вљубените и сеќавањата за нашиот прв бакнеж, надевајќи се дека сè тоа ќе се претвори во љубов. Ние чекаме. И чекаме за повеќе. Еден ден тоа и се случува. Потоа додаваме утрински кафиња, оброци кои заедно сме се обиделе да ги подготвиме, насмевки, пораки на шанкот од кујната, мрзливи бакнежи на каучот, превоз до дома, филмски вечери, пријатели и семејство, сè со надеж дека ова ќе трае засекогаш. Ние чекаме. И чекаме за повеќе. Но, тоа не се случува.rnrnТе молам разбери дека и двајцата се претворивме во ова сега. И среќна сум што тоа се случи, но жал ми е што повеќе не можам да те сакам. Во сите тие собирања и одземања, мојата душа залута по друг пат. Далеку од твојата.rnrnИзвини што повеќе не те сакам, како некогаш порано. Извини што не можам да те држам веќе, но моите раце ќе бидат празни некое време, исто како и твоите. Или би можеле да продолжиме натаму побрзо и да се обидеме да ги вратиме твоите нешта кај тебе и моите кај мене. Јас сум подготвена да чекам. Како и претходно.rnrnИзвини за сиот гнев и чувството на празнина. Те молам разбери дека и јас го почувствував истото и токму затоа морав да те пуштам и притоа да ти го скршам срцето. И моето срце било скршено во минатото и знам дека чувството е ужасно. Не се обидувам да ги смирам моите минати демони преку тебе, туку само се обидувам да ти се извинам. Се надевам дека тоа ќе биде доволно. Еден ден. Еден ден кога ќе лежиш покрај друга девојка која ја љубиш и кога таа ќе те бакне, дозволувајќи ти да ѝ го почувствував вкусот на балсамот за усни со вкус на цреши и ќе се потсетиш дека ти кажав извини, многу одамна, затоа што ти го скршив срцето.[/message_box]
Писмо од девојката која ви го скршила срцето
