5 совети како зимата да ја претворите во магично и пријатно годишно време

Сподели

Зимата може да биде ладна и депресивна, но и магична и пријатна. Сè е до вашата перцепција, а со помош на овие совети засакајте ја уште денес!

Реклама

Зимата не е најпријатната сезона за многумина – студено е, магливо, деновите се кратки и луѓето се летаргични и студени. Се затвораме во нашите топли домови и ја минимизираме физичката активност, лути поради ниските температури и непријатните ветрови. Но, зошто да не ја прифатиме ситуацијата таква каква што е и да ја искористиме најдобро што можеме?

Ако во близина немате „зимски“ ентузијаст кој ќе ве води низ сите доблести на оваа сезона, не грижете се, ние сме тука да ве одоброволиме со овие 5 едноставни совети:rn

1. Уживајте во омилениот топол напиток

rnВо текот на денот, загрејте се со природен чај од билки, а потоа наградете се со вкусно топло чоколадо што можете да го направите дома за многу кратко време.

Јавете им се на пријател(к)ите, испечете здрави колачиња и уживајте!rn

2. Затоплете се

rnПротнете се под вашето омилено ќебе, читајте книги, гледајте телевизија, играјте видеоигри.

Се чини премногу едноставно, но има нешто толку смирувачко во мекото ќебе и удобната перница по напорниот ден.rn

3. Читајте книги

rnДодека некои читаат во текот на целата година, други се присетуваат на книгите во текот на зимските месеци. Без оглед на која група припаѓате, зимата е одлична сезона за читање.

Пикнете се под ќебето со чаша од вашиот омилен напиток и изгубете се во страниците од книгата.rn

4. Излезете надвор

rnОдете на прошетка, пешачете, скијајте или одете на лизгалиште. Уживајте во „сонцето со заби“ и впивајте витамин Д.

Облечете се добро, не заборавајќи ги капата и ракавиците и излегувајте на свеж воздух колку што е можно почесто.rn

5. Запалете свеќи

rnБидејќи зимските денови се кратки, а ноќите долги, внесете топлина во вашиот дом со миризливи свеќи.

Исклучете ги светлата, вечерајте под романтичната светлина на свеќите, направете си релаксирачка купка и уживајте во златниот сјај.

Можеби сакате да дознаете и како да останете продуктивни во текот на зимата.

Најново

Може ќе ве интересира