Омилената детска играчка од педесеттите години на минатиот век, хулахопот, денеска сè повеќе се користи како дел од опремата за вежбање на секој возрасен човек. Иако на прв поглед делува како детска игра, вежбањето со хулахоп е физичка активност која носи многу здравствени придобивки, а погодно е за сите возрасти. Со вежбањето со хулахоп се активираат 30 мускули, се подобрува рамнотежата, подвижноста и флексибилноста. Ова се петте главни придобивки од вртењето хулахоп.rnrn
rn
Согорување калории
rnПола час вежбање со хулахоп има ист ефект како 30-минутно трчање. Оваа активност е идеална за слабеење, бидејќи калориите се топат исто како во степ-аеробик, кик-бокс или на лента за трчање.rn
Обликување на телото
rnХулахопот ги зајакнува мускулите и ги обликува бутовите, задникот, стомакот, бедрата, нозете и колената, а дополнително обрачот можете да го вртите и околу рамената за да го вежбате торзото, рацете и вратот.rn
Подобрување на флексибилноста
rnОваа активност бара движење и извртување на ‘рбетниот столб со што се зголемува неговата флексибилност и помага во превенцијата од повреди на грбот. Сепак, за луѓето кои имаат проблеми со грбот се препорачува прво да се посоветуваат со лекар за овие типови вежби.rn
Го подобрува расположението
rnОсвен што е здрава, оваа физичка активност не здосадува и ќе немате проблем редовно да ја практикувате, бидејќи исто како и танцувањето и таа го подобрува расположението.rn
Колку е потежок обрачот толку повеќе здравствени придобивки
rnИако обичниот хулахоп носи многу здравствени придобивки, многу побрзо ќе видите резултати доколку користите тежок обрач. Вртењето на потежок обрач носи исти резултати како и дигањето тегови. Потешкиот хулахоп е полесен за вртење и со него ќе можете да вежбате подолго време и со тоа да ги зајакнувате мускулите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
