rn
2. Брановидна коса
rnПостојат повеќе начини да ја навиткате вашата коса со помош на преса, со минимални оштетувања. Многу е важно пред да започнете со третирање на косата, на неа да нанесете спреј кој ќе придонесе за нејзино побрзо виткање. Кога ќе започнете со правење на локните, најнапред издвојте еден прамен, ставете ја пресата неколку сантиметри подалеку од коренот, а потоа како што ќе „пеглате“ надолу, нежно извртувајте го праменот. Завртувајте ја пеглата како што ќе ја спуштате низ праменот, сè додека тој не добие брановидна форма. За да постигнете подобри резултати, благо задржете ја пресата на секое преминување.rnrn
rnrnКога ќе завршите со правење на локните, почекајте вашата коса малку да се олади, а потоа разбушавете ја со прстите. Никако немојте да ја чешлате после овој третман, бидејќи нема да изгледа разбушавено туку како слама. По третманот, додадете малку шампон за суво миење на косата или спреј за краевите, со цел тие да не изгледаат премногу бушаво.rnrn
rnrnЗа да ја зацврстите својата фризура, нанесете малку лак за коса.rn
