Дијабетесот е едно од најчестите заболувања на денешницата. Се појавува кога телото не произведува доволно инсулин, хормонот кој го регулира шеќерот во крвта. Сепак, преку консумирање одредени минерали можете да го ставите под контрола. Во продолжение откријте за кои видови минерали и природни состојки станува збор.rnrn
rn
Цимет
rnДали знаевте дека состојката МХЦП (Метилхидрокси калкон полимер) која се наоѓа во циметот му помага на панкреасот да произведува инсулин? Покрај тоа, циметот поволно делува врз целокупното здравје на организмот.rn
Екстракт од женшен
rnИспитувањата покажале дека екстрактот од женшен помага во регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Потребни се само 3 грама од овој екстракт за да се намали нивото на шеќер во крвта за речиси 60 проценти. Женшенот навистина располага со одлични лекови својства со оглед на тоа дека се користи во кинеската традиционална медицина околу 5000 години.rn
Хром
rnДруго истражување покажало дека кај луѓето со дијабетес се среќава ниска количина на хром. Хромот е суштински минерал кој придонесува за метаболизмот на мастите и јаглехидратите и игра важна улога во одржувањето на нивото на гликоза. Тој помага да се спречи зголемувањето на телесната тежина од вишокот масти што секојдневно ги внесуваме. Хромот е и одговорен за разградување на шеќерот во крвта. Овој минерал е присутен во леќата, гравот, брокулата и печурките.rn
Магнезиум
rnМагнезиумот е минерал кој е составен дел на многу видови зеленчук, семки и јаткасти плодови. Тој е неопходен за беспрекорно да се одвиваат околу 300 биохемиски реакции во човечкото тело. Токму една од тие функции е регулирање на нивото на шеќер во крвта. Докажано е дека ниското ниво на магнезиум го зголемува ризикот од дијабетес тип 2.rn
Цинк
rnЦинкот има голема улога во производството и складирањето инсулин. Се наоѓа во следните намирници: бадеми, жолчки од јајце, пилешко, леќа, корен од ѓумбир, грашок и сардини. Најчесто, цинкот се комбинира со додатоци на калциум. Згора на тоа, тој е и одлично средство за цврста и здрава коса.rn
Алое вера
rnСпоред јапонско истражување, гелот од алое вера придонесува за намалување на хемоглобинот и гликозата во организмот. Гелот има благотворни ефекти и врз кожата.rnrnОткако прочитавте кои природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес, можеби ќе сакате да прочитате и кои 9 рани симптоми на дијабетес не треба да ги игнорирате.rnrnИзвор: allwomenstalk.com