Овие модели на чевли ќе доминираат летово

Сподели

Вљубениците во модата редовно ги следат сите новости поврзани со тоа што е ин во актуелната сезона. Што се однесува до чевлите, дизајнерите веќе ги одбраа своите фаворити за ова лето, а ние ги споделуваме со вас.rn

Реклама

1. Чевли со коцкести потпетици

rnПостојат многу трендови кои треба да останат во минатото, но не и чевлите со коцкести потпетици. Овој модел на чевли летово повторно ќе биде актуелен, па бидете смели и вклучете ги во вашите модни комбинации.rn

2. Чевли со проѕирен материјал

rnСекако, не мора да ви се гледа целата нога, меѓутоа проѕирните ременчиња се многу ин оваа сезона. Совет плус, кога бирате вакви чевли, секогаш одберете модел со кожно подножје за да имате стабилен од, без лизгање на стапалата.rn

3. Спортски сандали

rnКога модните блогерки пред неколку години почнаа да ги носат Birkenstock сандалите, тие наидоа на бројни негативни коментари. Сепак, со тек на време тие ги освоија срцата на девојките, па ќе бидат вистински хит и ова лето. Овие неверојатно удобни чевли, иако се спортски, многу лесно можете да ги комбинирате со повеќе парчиња облека.rn

4. Сандали со врвци

rnУште еден интересен модел кој ќе ги освежи вашите модни комбинации. Едно е сигурно, во нив нема да останете незабележани!rn

5. „Dad“ патики 2.0

rnПоследни на листата, но не и најмалку битни. Овие патики со нагласен ѓон, кои нѐ потсетуваат на омилените патики на нашите татковци, се најголемиот моден тренд годинава. Ова лето ќе ги гледаме во малку изменета верзија, но сепак со својот препознатлив изглед.

Можеби ќе сакате да прочитате и за тоа кои фармерки се во тренд оваа сезона.

Најново

Може ќе ве интересира