КАФЕ ПАУЗА

Ова се најдобрите чаеви за лекување воспалено грло

Ова се најдобрите чаеви за лекување воспалено грло

Есента пристигна, а со тоа се отвори и сезоната на настинки. Болката во грлото е еден од најнепријатните симптоми и може да трае со денови. Полесните болки во грлото се лекуваат полесно отколку што мислите и не мора да вклучуваат лекови. Чајот има многубројни придобивки во лекувањето воспалено грло.rnrnОва се најдобрите чаеви за лекување воспалено грлоrn

„За настинки и болки во грлото, чаша топол чај од секаков вид веројатно ќе ја ублажи болката веднаш“, изјави Дајан Мекај од Универзитетот „Тафтс“.

rnПоточно, д-р Роберт Глатер тврди дека истражувањата покажуваат дека зелениот чај има антиинфламаторно дејство, што може да помогне во намалување на отокот на ткивата во грлото.rn

„Истото важи и за чајот од нане, кој содржи ментол, соединение познато по своите смирувачки ефекти“, објасни Глатер.

rnАко не сте љубител на зелен чај или на чај од нане, пробајте со чај од лимон.rn

„Тој е одлична помош за воспаление на грлото и за настинка бидејќи е полн со витамин Ц, кој помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Ако сакате да го ублажите горчливиот вкус, можете да додадете малку мед“, вели д-р Јерал Пател.

rnИсто така, чајот од куркума прави чуда кога станува збор за воспаление на грлото.rn

„Куркумата има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства кои помагаат во смирување на болката и во зајакнување на имунитетот“, додава Пател.

rnПрочитајте зошто не смеете да го игнорирате воспалението на синусите.