Русата коса им прилега на сите, без разлика на природната боја. Но, пред да се одлучите за осветлување на косата, добро размислите за факторите кои влијаат на конечниот резултат, како што се квалитетот на косата, но и бојата на тенот, очите и веѓите. Русата коса не значи секогаш задолжително бланширање, па затоа погледнете како можете најсигурно да ја направите оваа стилска промена.
rn
1. Подтон на кожата
rnДоколку сакате да проверите дали ви прилега посакуваната нијанса, погледнете ги жилите на внатрешната страна од зглобот. Доколку тие се зеленикави, вие имате топол подтон, додека виолетовите и сините значат ладен подтон на кожата. Русите нијанси на топлиот подтон ги вклучуваат сите нијанси од семејството на златните, медените и карамела нијансите и тие совршено прилегаат на светол или маслинест тен. Русите нијанси на ладниот подтон им прилегаат на личностите со изразено светол тен и светли очи, а ги вклучуваат нијансите од семејството на платинести, до беж и пепелави нијанси.
rn
2. Боја на очи
rnПред да се одлучите за осветлување на косата, проучете го вашето лице без шминка и на природно светло. Тенот, бојата на очите и веѓите ќе ви откријат кои нијанси ви прилегаат. Нежните бои во повеќе нијанси ќе им прилегаат на оние со светли очи, додека богатите руси бои најдобро ќе им прилегаат на оние со потемни очи.
rn
3. Дајте им предност на прамените
rnДајте им шанса на разните техники што ги нагласуваат предностите или ги прикриваат недостатоците на вашата коса. Актуелните трендови вклучуваат бајлаж, фламбајлаж, ливедин, санкис, бејбилајтс, омбре и слично.
rn
4. Квалитетот на косата
rnКонсултациите со вашиот фризер пред осветлувањето се задолжителни, бидејќи структурата на косата одредува на кој начин ќе се пристапи за добивање на посакуваниот ефект. Како што кажавме, квалитетот на косата игра важна улога, бидејќи структурата на влакната и моменталната состојба на косата диктираат што сѐ можете да правите и колку успешно би било тоа.
rn
5. Комерцијални наспроти професионални бои
rnПриродата не предвидела да бидеме платинести русокоси, па тоа кај нас е малку покомплицирано отколку кај скандинавските жени. Комерцијалните бои осветлуваат од 2-4 тона и нивната постојаност им е кратка, додека професионалните бои осветлуваат 6-7 тона и со самото тоа поголема е шансата да го добиете посакуваниот ефект. Откако ќе ја добиете саканата нијанса, потребно е косата да ја негувате со шампони, регенератори и маски со оптички осветлувачи кои ќе ја одржат бојата, односно ќе го „убијат“ жолтилото и ќе го зачуваат нејзиниот сјај. Денес, скоро сите шампони за руса коса ги содржат соодветните виолетови пигменти, УВ фактори и есенцијални масла.
Дознајте и како да ја осветлите косата со лимон!


