КАФЕ ПАУЗА

Отстранете го забниот камен на природен начин со овие 4 рецепти

Спречете го забниот камен на природен начин со овие четири рецепти

Забниот камен се оние тврди наслаги кои остануваат како залепени за забите. Не е добро да ги имате затоа што со текот на времето го оштетуваат забот. Затоа е најдобро да посетувате забар барем двапати годишно заради чистење на забниот камен. Но, ако сакате и дома да си помогнете со тоа и да ја превенирате појавата, разгледајте ги овие неколку рецепти.rnrnСпречете го забниот камен на природен начин со овие четири рецептиrn

Рецепт бр. 1

rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 30 грама лушпи од ореви
  • rn011

  • малку вода
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете ги лушпите и водата во тенџере и варете околу 15 минути. Потоа ставете од течноста на четката за заби и мијте ги по пет минути три пати на ден.rn

Рецепт бр. 2

rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 4 лажички семки од сончоглед
  • rn011

  • 4 лажички цветови од липа
  • rn011

  • 1 литар вода
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете ги сите состојки во сад на тивок оган и варете околу половина час. Мијте ги забите со оваа течност по секоe јадење.rn

Рецепт бр. 3

rnСтавете малку јаболков оцет во устата, тријте ги забите со четка и потоа плукнете и исплакнете ја устата со вода. Применувајте го овој метод само еднаш неделно.rn

Рецепт бр. 4

rnСтавете малку сода бикарбона на четката за заби и тријте. Можете да додадете и малку сол. Освен што помага во избелувањето на забите, тоа помага и во отстранувањето на забниот камен.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.