Која е тајната за квалитетна љубовна врска? Некои луѓе сметаат дека е комуникацијата, други сметаат дека е сексот. Сепак, едно неодамнешно истражување покажало поинакви резултати. Истражувањето, под водство на Џон Хеливел, покажало дека најважниот фактор за квалитетна врска не е поврзан ниту со сексот, ниту со комуникацијата. Најважното нешто било дали го гледате вашиот партнер како ваш најдобар пријател.rnrn
rnrnИсто така се открило дека паровите кои биле најдобри пријатели и кои живееле заедно биле исто толку среќни колку и брачните партнери кои биле најдобри пријатели. Овој податок е интересен бидејќи многу луѓе сметаат дека бракот е еволуција на врската, па за да бидете среќни со партнерот мора да се венчате.rn
Зошто е важно пријателството во врската?
rnМногу пријателства може да се претворат во романтични врски. Но постојат луѓе кои не би се венчале со својот пријател, ниту пак би издржале долга врска со него. Најчесто општеството ни кажува да го избегнуваме ова бидејќи линијата помеѓу пријателството и љубовта е тенка. Но, науката вели поинаку. Луѓето кои ги гледаат своите партнери како пријатели, а не само како љубовници, биле посреќни од оние парови кои немале развиено блиско пријателство.rn
Кое пријателство е здраво?
rnКлучните одлики на здравото пријателство се заедничко давање, вреднување, почитување и радост. Главниот збор овде е „заедничко“. Цврстото пријателство е улица со две насоки. Ова е комбинацијата која ќе ви помогне да ги надминете проблемите – можете заедно да ги славите убавите моменти, но исто така и да бидете тука еден за друг и во лоши ситуации. Кога во врската ќе го вклучите и пријателството, ќе можете целосно да му верувате на партнерот.rn
Заклучок
rnМногу луѓе сметаат дека не се подготвени за обврските кои доаѓаат со бракот и не гледаат причина да го променат системот на врската која им одговара. Па без разлика дали сакате да се венчате или не, запомнете дека пријателството помеѓу вас и вашиот партнер е клучно за успехот и среќата во вашата врска.rnrnПогледнете ги и 4-те фази на секоја успешна врска.