Препорачливата доза од 8 чаши вода на ден за здрав организам, понекогаш може да биде напорна. Па, затоа обидете се со ароматизирана вода.rnrn
rnrnВодата со природен вкус на овошје е совршено и здраво освежување. Направете ја во поголема количина и чувајте ја во фрижидер за цело време да биде ладна.rnrnЕве неколку идеи како едноставно и по природен пат да направите домашна ароматизирана вода.rn
Сè што ви е потребно е:
rn
- rn011
- Какво било овошје (освен банана), но внимавајте да не е оштетено
- Рузмарин, нане, жалфија или која било друга билка, но внимавајте да одговара на вкусот на овошјето
- Тегла или бокал
- Дрвена лажица
- Вода
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn011
- Исечете го овошјето на коцки, комбинирајте цитрусни или бобинкасти овошја.
- Прво ставете ги билките во теглата, притиснете ги со лажицата, а потоа додадете го и овошјето така што ќе зафаќа помалку од една третина.
- Нежно притиснете го овошјето со лажицата за да пушти арома, но внимавајте да не претерате, овошјето не треба да се раздроби.
- Потоа наполнете ја теглата или бокалот со мраз и додадете вода до врвот.
- Вака подготвената вода можете да ја пиете веднаш, но најдобро би било да отстои во фрижидер барем 24 часа.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЕве неколку идеи за комбинирање на овошје и билки за да добиете убава ароматизирана вода.rnrn



