КАФЕ ПАУЗА

Останете сингл додека не запознаете ваква девојка!

Останете сингл додека не запознаете девојка чија љубов ќе ве лечи, ќе ве менува и ќе ве направи подобра личност. Девојката која ве гледа со самодоверба каква што не сте виделе досега. Девојката која гордо би ја претставиле на вашите родители.rnrnrnrnОстанете сингл додека не ја запознаете девојката која ќе ве натера да реагирате брзо бидејќи не можете ни да замислите да ја гледате со некој друг. Девојката што нема да сакате да ја видите повредена или разочарана.rnrnОстанете сингл додека не ја запознаете девојката што верува во вас и во вашите соништа и која ќе ви биде поддршка за сè. Онаа што ве тера да сакате да бидете подобри и што ве турка да правите повеќе. Девојката што е полна со енергија и ве мотивира да постигнувате, да ризикувате…rnrnОстанете сингл додека не ја запознаете девојката чие лице го гледате кога слушате одредени песни кои порано немале никакво значење за вас. Девојката што ќе ве насмее на начини што ќе заборавите сè околу вас. Онаа што ќе ве натера да заборавите на болките од минатото.rnrnОстанете сингл додека не ја запознаете девојката што има златно срце. Онаа што се движи на сопствениот ритам и е автентична. Девојката чиј допир ве лекува, чиј бакнежи ве тераат да копнеете за повеќе и чие присуство ве прави да уживате во секој момент. Онаа што ќе ве натера да сакате да бидете подобар маж.rnrnОстанете сингл додека не ја запознаете девојката за која ќе треба да се трудите повеќе за да ја импресионирате. Онаа што ќе ве натера да сакате да забавите за целосно да уживате во времето поминато заедно. Девојката за која ќе чувствувате „пеперутки“ во стомакот пред секое гледање.rnrnОстанете сингл додека не ја запознаете девојката што нема да ве зема здраво за готово и која секогаш ќе кажува „благодарам“. Онаа што ќе се сретне со вас на половина пат, што ќе ги прифати сите ваши негативни страни и маани.rnrnОстанете сингл додека не ја запознаете девојката во која ќе гледате добра мајка со којашто ќе можете да изградите семејство. Онаа со која можете да градите живот. Девојката што би направила сè за вас.rnrnОстанете сингл додека не ја запознаете девојката која ќе ја сакате да ја разгалите. Девојката со која ќе сакате да ги поминувате сите утра заедно. Онаа која можете да ја гледате додека спие, мислејќи дека е најубавата на светот. Девојката поради која ќе помислите: „Таа е таа!“rnrnДо тогаш, останете сингл.rnrnДевојки, имаме совети и за вас! Останете сингл додека не запознаете вакво момче.