КАФЕ ПАУЗА

Основни правила за носење на чизмите над колена

Чизмите над колена се повторно во мода, а тие го прават женското тело женствено и сензуално, но внимавајте, може и да погрешите, особено со визуелниот впечаток што го дават со комбинирање на погрешни парчиња. По некое непишано правило нив може да ги носат само високи и изразито витки девојки, но вистината е дека можат да ги носат сите, но со правилно смислени модни комбинации.rnrn1-osnovni-pravila-za-nosenje-na-chizmite-nad-kolena-kafepauza.mkrn

1. Ако сте високи и витки

rnВи честитаме, може да ги носите со сите можни комбинации. Залепени фармерки, мини сукњи, шорцеви, хулахопки со дезен… па одберете!rn

2. Ако имате форма на јаболко

rnСо овие чизми најдобро би ви одговарале разлетани мини сукњи или шорцеви искомбинирани со блузи кои имаат V-израз. Овој израз визуелно ќе го намали и издолжи горниот дел на вашето тело.rn

3. Ако имате форма на круша

rnАко сте витки, може да облечете залепен фустан, но мора да има некој впечатлив детаљ во горниот дел, на пример некој пожив принт, со кој визуелно ќе го пополните горниот дел и вашата фигура ќе изгледа складна.rn

4. Ако имате фигура на песочен часовник

rnАко имате заносни женски облини, пазете со овие чизми за да не изгледате премногу вулгарно. Одличен избор за вас се чизмите со рамна пета, но ако се одлучите за некои со штикла тогаш заборавете на длабокото деколте и мини сукњата. Изберете елегантни и женствени комбинации, а избегнувајте ги премногу отворените и залепени парчиња.rn

5. Ако сте ниски

rnИ ниските девојки можат да ги носат овие чизми само треба да ги прилагодат на својата градба. Изберете чизми кои не се премногу над колена и комбинирајте ги со еднобојни комбинации. Нозете може да ги издолжете и со хулахопки со хоризонтални пруги.rn

6. Ако сте „plus-size“

rnЛелеав фустан и совршени чизми супер би се вклопиле во вашиот изглед. Може да одберете и сукња до колена и складна блуза, а за визуелно да ја издолжите фигурата облечете јакна до колена. Избегнувајте широка облека.rnrn0-osnovni-pravila-za-nosenje-na-chizmite-nad-kolena-kafepauza.mk copyrn

Совет плус!

rn

Немојте да носите чизми над колена со:

rn

    rn011

  • Чипка или со нападни животински принтови
  • rn011

  • Со проѕирни чорапи со евтин бел отсјај
  • rn011

  • Сукњи кои прекриваат 2-3 см од чизмите
  • rn011

  • Долги сукњи
  • rn011

  • Хеланки со кратка блуза (туниката е задолжителна)
  • rn011

  • Што било кое изгледа вулгарно
  • rn

rnМал трик: Ако сакате да испробате како чизмите над колена би ви изгледале со некои комбинации, тогаш облечете темни, црни доколенки.