КАФЕ ПАУЗА

Ослободете се од целулитот и стриите на природен начин

Ослободете се од целулитот и стриите на природен начин

Лето е, пеколно жешко е и сите сме се поразголени од вообичаено. Кошмар на секоја жена е фактот дека има целулит или стрии кои не сака да ги покаже во премногу кратките шорцеви или здолништа. Мажите можеби не се многу склони на целулит, но голем број од нив имаат проблеми со стриите. За да не се срамите од своето тело, почнете да се грижите за структурата на вашата кожа, на еден сосема природен начин, со домашни рецепти за убавина.rnrnОслободете се од целулитот и стриите на природен начинrn

Лек против целулит

rnВо шолја чај додадете половина кафена лажичка свежо изрендан корен од ѓумбир. Пијте го овој напиток секој ден и значително ќе го подобрите излачувањето на течностите.rnrnУште еден напиток кој можете да го пробате е микс од 2 лажици оцет и мед, помешани во чаша со млака вода. Овој напиток консумирајте го секое утро на празен стомак, за да ја поттикнете циркулацијата на крвта, да ги разградите мастите и да го подобрите излачувањето на штетните материи надвор од организмот.rn

Лек против стрии

rnЛек против стрии нема, меѓутоа постојат начини со кои можете да ја ублажите нивната видливост. Пробајте го овој рецепт:rnrnВо свежа жолчка од јајце додадете 2 супени лажици кантарионово масло, 1 супена лажица чичково масло, 5 капки лимонов сок и на крајот 3 капки тинктура од невен. Цело време мешајте ја смесата со голема лажица, додека не добиете хомогена смеса.rnrnСо помош на широка четка мелемот се нанесува во тенок слој на местото на кое имате стрии. Седете така половина час и потоа истуширајте се со топла вода, а потоа исто така во тенок слој нанесете некаква крема за регенерација на кожа. Третманот се прави два пати неделно.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.