На сите ни е познато чувството кога ќе купиме козметички производ што потоа излегува дека не ни одговара. Шампон што уште повеќе ја масти косата, крем кој е премногу тежок за нашата кожа, мелем за усни што практично ги суши усните.rnrn
rnrnНо, што да правиме со производите кои штотуку сме ги купиле и за кои сме потрошиле пари? Ако подарувањето некому не е опција – не очајувајте!rnrnВо следниов текст ви предлагаме корисни начини на кои можете да ги искористите производите за убавина што не ви одговараат и да ги пренамените за други цели!rn
1. Крем за лице
rnАко вашата купена крема е премногу масна и тешка, користете ја како крем за пети, раце или лакти… Ова се регии за кои е потребна помасна текстура на крем. Покрај тоа, можете да користите крем за одржување на кожата на чевлите, ракавиците или чантите.rn
2. Мелем за усни
rnНесоодветниот мелем за усни, користете го за премачкување на кутикулите на рацете и нозете.rn
3. Шампон за коса
rnАх, дали купивте шампон за коса и откривте дека ви предизвикува првут или е премногу тежок за вашата коса? Едноставно користете го за да ги исперете осетливите алишта како долниот веш или градникот. Плус, можете да ги измиете и четките за шминка и сунѓерчињата. Можете да користите шампон и за да ги исперете детските играчки.rn
4. Регенератор и маска за коса
rnНа сите нас ни се случува да дадовме пари за регенератор или маска што не ни помага. Користете го регенераторот наместо пена за бричење на нозете: ќе видите дека бричот феноменално ќе лизга низ кожата, без исекотини, а кожата ќе ви биде совршено мазна!rn
5. Пилинг за лице
rnКупивте пилинг за лице и по првата употреба сфативте дека ќе ви го оштети лицето затоа што е премногу груб? Користете го како дел од вашата домашен маникир за пилинг на рацете или нозете. Ако е многу груб, ќе послужи и како пилинг на тело.rn
6. Млеко за тело
rnМожете да користите несоодветното млеко или лосион за тело на многу начини: ако вашата коса е наелектирзирана или замрсена, само втријте мала количина млеко за телото на рацете и поминете низ вашата коса за да ги скротите антените. Ова важи и за „наелектризираното“ крзно од домашното милениче. Исто така, со млеко за тело, отстранете ги трагите од лепило откако ќе ја извадите налепницата, негувајте ја кожната фотелја за која може да користите и пена за бричење!rn
7. Масло за нега на тело
rnДали купивте ново масло за нега на тело, па откривте дека страшно ви смета мирисот или е премногу масно? Не фрлајте го, туку искористете го на следниов начин: натопете ги нозете во маслото и потоа облечете кеси за замрзнувач, па памучни чорапи одозгора! Кожата на нозете ќе биде супер мека. Додајте 2 лажици масло во бањата за да ја омекнете кожата додека лежите во кадата. Користете го ваквото масло и за одржување на резињата на вратите, или синџирите на велосипедот.rn
8. Дезодоранс
rnДигнете рака ако не ви сте се случило да купите дезодоранс што не е ефикасен или има задушувачки мирис! Овој вид на дезодоранс користете го против непријатните мириси на нозете: нанесете го навечер пред спиење, за да бидете безбедни следниот ден. Користете дезодоранс како освежувач на плакарот: оставете го отворен во плакарот за убав, опоен мирис! Ако бутовите ви се тријат еден со друг, решете го проблемот со малку дезодоранс во стик.rn
9. Серум за лице
rnНесоодветниот серум за лице што не ви одговара користете го како серум за вратот и деколтето. Може да го користите и за нега на рацете, пред да нанесете крем за раце. Запомнете дека на вашата кожа ѝ треба хидратација!rnrnМожеби сакате да прочитате и зa 6-те бебешки производи кои ќе ја променат вашата рутина за нега и убавина.