Модните детали се секогаш потребни за една модна комбинација да го добие својот целосен изглед и за да ја претставиме во „вистинско светло“. Постојат многу начини со кои можете вашите секојдневни комбинации да ги направите поатрактивни и поубави, а понекогаш е доволно само да изберете вистински обувки. Но, оваа сезона на модната сцена се врати еден детаљ од минатото и станува сѐ поголем тренд кој девојките повторно го засакаа. Станува збор за корсетите кои се носеа одамна, а кои се вратија со некои мали промени.rnrn
rnrn1. Еден занимлив, малку посвечен каиш или појас кој можете да го комбинирате со фармерки и некоја широка кошула, создаваат една сосема атрактивна и доста тренди модна комбинација.rnrn
rnrn2. Монохроматските модни комбинации не морате секогаш да ги носите така да изгледаат сведено, туку можете да ги надополните со некој впечатлив детаљ, како што е на пример каиш или појас во некоја силна боја, кој можете да го обвиете неколку пати околу струкот доколку е подолг.rnrn
rnrn3. Ако сакате да носите широки парчиња облека, сигурно ќе ви биде потребно нешто со кое ќе ја нагласите вашата фигура, а во тоа најдобро ќе ви помогне токму овој детаљ.rnrn
rnrn4. Елегантните модни комбинации секогаш можете да ги „пресечете“ со еден појас кој оди преку самото сако, околу струкот, со што ќе го нагласите него, а освен тоа и ќе го „зачините“ вашиот стил на совршен начин.rnrn
rnrn5. Дури и макси фустаните можете да ги носите со некој впечатлив појас, кој на прв поглед не одговара со ова разлетано, летно парче облека. Но, токму тоа мешање на стиловите ќе ви даде модерен изглед каков што посакувате.rnrn
rnrn6. Доколку сакате да носите долги здолништа, со лесен материјал, како што се носат во поголемиот дел од летните денови, а преку нив некои подолги маици и блузи, потребно е со нешто да го нагласите вашиот струк и колкови, па искористете некој каиш кој ќе изгледа доста убаво со целата комбинација.rnrn
rnrn7. Нежните, романтични фустани можете сосема да ги промените доколку со нив комбинирате впечатливи корсети, па така спојот на чипка и кожа секогаш изгледа фантастично и доста атрактивно.rnrn
Одлични начини на кои каишот може во целост да ја измени вашата модна комбинација
