КАФЕ ПАУЗА

Обожавате да јадете пред спиење? Оваа навика не е толку лоша колку што мислите

Обожавате да јадете пред спиење? Оваа навика не е толку лоша колку што мислите

Дали една од омилените работи пред спиење ви е маратонското гледање серии и јадење во кревет? Но, сигурно сте чуле дека ако сакате да си го подобрите квалитетот на сонот или да го симнете вишокот килограми, тогаш полноќните ужини не ви се најдобри пријатели. Најновите истражувања покажале дека тоа сепак не е баш така. Во продолжение дознајте што открила науката…rnrnОбожавате да јадете пред спиење? Оваа навика не е толку лоша колку што мислитеrn

Јадењето пред спиење е лошо доколку имате киселини во желудникот

rnДоколку имате проблеми со киселини во желудникот, тогаш сигурно ви препорачале да не јадете навечер за да ги ублажите симптомите. Но, дали тоа навистина прави некаква разлика? Науката одговара потврдно. Според едно истражување, доколку не поминале најмалку три часа од вашата вечера до легнувањето во кревет, тогаш сте изложени на зголемен ризик од киселини во желудникот.rn

Јадењето пред спиење е добро доколку имате несоница

rnДоколку изедете огромен оброк пред спиење, најверојатно нема да можете да заспиете цела вечер. Но, од друга страна, пак, ако си легнете со празен стомак, исто така нема да можете да заспиете веднаш. Па, што да направите? Експертите велат дека треба да јадете нешто здраво и лесно. Одберете сложени јаглехидрати наместо протеини и немојте да јадете храна богата со кофеин. Наместо тоа, одберете храна што содржи триптофан и мелатонин како што се црешите и млечните производи, бидејќи тие ќе можат да ви го потткинат сонот. Кој би одбил млеко и колачиња пред спиење?!rn

Јадењето пред спиење е лошо за луѓето кои страдаат од астма

rnЗа луѓето кои страдаат од астма, доцната ужина не е добра идеја. Тоа е така затоа што јадењето пред спиење може да доведе до кашлање. Според едно истражување, испитаниците кои јаделе пред спиење имале зголемени симптоми на гастроезофагеален рефлукс навечер и во текот на денот. Податок што треба да се знае!rn

Јадењето пред спиење на некој начин е добро доколку сакате да го изгубите вишокот килограми

rnБез разлика дали сте на диета или не, сигурно сте чуле дека не треба да јадете пред спиење доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми. Иако некои истражувања навистина нашле поврзаност помеѓу доцните ужини и прекумерната тежина, експертите тврдат дека тоа е така поради видот на храната што се консумира, а не самиот чин на јадење. Признајте дека и вие попрво посегнувате по високо калорична ужина отколку по салата во 10 часот навечер!rnrnДржете се до здравата исхрана во текот на денот, здравите ужини навечер, вежбајте редовно и вишокот килограми нема да ви претставуваат никаков проблем.rnrnВо продолжение дознајте кои намирници секогаш можете да ги јадете пред спиење.