Крстарењето е еден од најубавите начини за патување. Па, доколку сте се одлучиле за ваква авантура, погледнете кои пристаништа се најубави и навистина вреди да ги посетите.rn
1. Њујорк, САД
rnМенхетен останува класика кога станува збор за градови кои мора да ги видите од море. Бидејќи терминалот за бродови на Менхетен бил мал, отворени се уште два во изминатата деценија. Ова е неверојатен поглед на Менхетен, Статуата на слободата и Островот на гувернерот.rn
2. Санторини, Грција
rnМногу малку пејзажи се драматични како оној на Санторини. Остров издлабен од постојаните вулкански ерупции каде што бродовите пристигаат на пристаниште опкружено со бели куќи. Од овде можете да отидете и во Оиа, мало селце на работ на островот за кое се смета дека го има најубавото зајдисонце на светот.rn
3. Венеција, Италија
rnВенеција никогаш нема да ја изгуби способноста да воодушевува. Во екот на сезоната, во Венеција доаѓаат 30.000 бродови, за кои локалните жители велат дека им го уништуваат градот. Сепак, ова е нешто кое вреди да се види.rn
4. Хјорундфјорд, Норвешка
rnКога станува збор за природна убавина, мал број места може да се спротивстават на норвешкиот брег. Богат со прекрасни сребрени реки и смарагдни планински врвови, овој пејзаж ќе ве остави без зборови.rn
5. Пристаниште Неко, Антарктик
rnКрстено по еден брод кој бил закотвен овде во 20-тиот век, Неко е едно од главните пристаништа на Антарктикот. Опкружено е со глечери и со поглед кон Маунт Френсис. Можете да видите и китови, пингвини и фоки.rn
6. Хонг Конг, Кина
rnАко сакате совршена мешавина од стара и нова Азија, упатете се кон Хонг Конг. Од сите страни ќе бидете опкружени со облакодери, доказ дека оваа светска сила не планира да забави.
Продолжува на следната страница…rn


