Палењето на косата ги уништува распуканите и мртви врвови, при што не се крати од нејзината должина – вака тврдат фризерите кои ја применуваат оваа техника. Со тоа се добива здрава коса која лесно може да се потхрани. Ако се прашувате како Алесандра Амросио и Изабели Фонтана имаат толку прекрасна коса, сигурно не би помислиле дека тоа е резултат на палење.rnrn
rnrnНовата бразилска метода наречена велетерапија, односно кратење со свеќа го прави токму тоа. Со помош на свеќа се палат мртвите и расцветани врвови со што се постигнува отворање на фоликулите за да можат да се обноват низ процес на нанесување маски и регенератори. Косата најпрво се дели на ситни прамени, благо се завиткува со прстите, а потоа стилистот со пламенот од свеќата поминува преку врвовите и ги уништува мртвите делови.rnrn

rnrnПосле третманот, влакната се полни со восок. Секако, косата мириса на запалена, но потоа се мие и длабински се храни со регенератор.rnrnЕве како тоа изгледа.rnrnrnrnОвој начин на моделирање на косата во Јужна Америка е популарен уште од 60-тите години на минатиот век, а многу жени го практикуваат и сами дома. Третманот трае околу 2 часа и во Њујорк чини помеѓу 150 и 200 долари во зависност од должината на косата. После третманот се препорачува косата да се одржува на истиот начин, а може да се повтори после 8-12 недели.rnrnФризерите советуваат ова да не го правите сами дома со цел да ги избегнете несаканите последици.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.