Доколку на прв поглед се заљубивте во оваа нова варијанта на добра познатата едноставна плетенка, сега имате прилика да научите како да ја направите, чекор по чекор. Следете го внимателно упатството и ова лето заблескајте со нова фризура.rnrn
rnrn1. Поделете ја косата на три дела. Средниот дел прицврстете го со ластик.rnrn
rnrn2. Прекријте го ластикот со праменот од вашата лева страна и провлечете го под праменот од десната страна.rnrn
rnrn3. Направете го првиот јазол – потоа со левиот прамен соберете го десниот така што по провлекувањето под десниот прамен ќе го замотате преку него и ќе го провлечете низ дупката помеѓу опавчето и левиот прамен.rnrn
rnrn4. Крајот под праменот прицврстете го со шнола.rnrn
rnrn5. Повторете го истото и од другата страна. Сега овие два прамени ви се споени (како на фотографијата).rnrn
rnrn6. Значи, повторно го провлекувате левиот прамен преку опавчето, под десниот и преку него, а потоа низ дупката.rnrn
rnrn7. Повторно прицврстете го крајот со шнола.rnrn
rnrnИзгледа доста интересно и може да послужи како одлично решение кога надвор е топло, а не знаете што да направите со вашата коса.rnrn
Нов летен тренд: Кобра плетенка готова за само 5 минути
