КАФЕ ПАУЗА

Ништо во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полиња

Ништо во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полиња

Written by

in

,

Сите луѓе им се восхитуваат на упорните и силни личности кои не се откажуваат пред ниту една пречка и сите копнеат по оваа особина. Како да станете и вие таква личност и како да ги надминете сите тешкотии со леснотија? Дали е тоа возможно? Кои карактеристики треба да ги развиете?rnrnНишто во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полињаrnrnОна на што треба најмногу да се работи е способноста да се надминат нападите на аксиозност и падот на мотивацијата. Не е невообичаено уште првата пречка со која ќе се соочите да ви предизвика паника и желба да се откажете. Поради тоа, неопходно е да научите да ги совладувате чувствата што ве спречуваат.rnrnПомислете само колку повеќе би постигнале во животот, ако вашите стравови не ве спречуваат да стигнете до целта.rnrnСо правилото „40 %“ ништо не е невозможно. Според истражувањата, кога мислите дека сте направиле сè што е во ваша моќ, всушност сте дале само 40% од вашите можности.rnrnВнимателно прочитајте ја уште еднаш последната реченица. Таа нека биде вашата мантра што ќе ја повторувате секојпат кога ќе наидете на пречка и кога ќе мислите дека не можете да продолжите понатаму. Колку повеќе ќе го кажувате тоа гласно, толку повеќе ќе бидете мотивирани.rnrnНишто во животот не е невозможно, само не се трудите доволно. Упорноста е клучот за многу добиени битки.rnrnЖивотот е непредвидлив и може да ве изненади со околностите што ви ги наметнува, но не брзајте да се откажете уште во истиот момент. Застанете и повторете ја мантрата за 40-те %.rnrnАко не успее првиот пат, кажете ја оваа реченица повторно и ако тоа не е доволно, не двоумете се да ја повторите уште неколку пати. На крајот, ќе чувствувате дека можете да успеете.rnrnОвој метод дејствува како „плацебо ефект“, а разликата е во тоа што навистина е ефикасен. Повторувањето ќе создаде механизам што ќе ви помогне да станете посилни и поистрајни.rnrnНајдобриот начин за надминување на сите пречки е следниот: Прво, направете сè што можете, па ако тоа не ви оди од рака, повторете ја оваа мантра за дополнителна мотивација. Повторувањето на мантрата има ефект само ако навистина верувате во тоа што го правите.rnrnЖивотот е премногу краток за да се откажувате и да бегате од соништата. Развијте ментална сила што ќе ве однесе подалеку во животот.rnrnСпособни сте за многу поголеми работи отколку што мислите. Само вклучете ја вашата глава и размислете вака: „Направив сè што можев. Но, тоа не е ниту половина од тоа што можам. Тоа е само 40%. Затоа, продолжувам напред!“rnrnА кога ќе се почувствувате осамено, потсетете се на овој текст.