Нежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја

Сподели

Пастелните бои се секогаш во тренд и секогаш придонесуваат за нежен изглед. Црвеникаво-розовата и сивата боја одат одлично заедно. Ова се 4 идеи како да ги искомбинирате овие бои за разни пригоди.rn

Реклама

Секојдневно и слатко

rnСекојдневен и удобен изглед за на училиште, факултет, читална или кафе со пријателите. Искомбинирајте светли фармерки и удобен џемпер. Како аксесоари одберете сива марама со интересен принт и нежни обетки. Завршете го изгледот со ниски балетанки и мала чанта за преку рамо. Секако, не заборавајте го нежно розовиот сјај за усни.

rn

Женска вечер

rnЗа забавна и незаборавна женска забава искомбинирајте едноставен сив џемпер, пласирано здолниште и чизми до глужд. Како аксесоар за коса, искористете лента во црна, сива или црвеникаво-розова боја и завршете го изгледот со розов лак за нокти.

rn

Шик и софистицирано

rnОваа комбинација е совршена за на работа или кога имате важна презентација на факултет. Искомбинирајте тесни бели панталони, сиво-бела маичка на риги и црвеникаво розова наметка или сако. Завршете го изгледот со каиш во металик боја и нежно ланче со цветови во светли бои.

rn

За незаборавен љубовен состанок

rnНежното розово фустанче со чипка во комбинација со популарните оксвордки и елегантен сив мантил се совршена комбинација кога одите на состанок или пак доколку го прославувате денот на вљубените со вашиот партнер. Едноставно парче накит и плик чанта се задолжителни аксесоари, додека пак совршена фризура за ваква пригода е пунџа на страна.


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира