Конечно го пронајдовте вашиот идеален костим за капење и сакате тој да ви трае што подолго? На чувствителната ткаенина на костимот за капење штета ѝ нанесуваат сонцето, жештината, средствата за сончање, морската вода или пак онаа од базен. Додатна штета ѝ нанесува и неправилното одржување. Затоа придржувајте се до овие правила ако сакате да го носите вашиот омилен костим за капење и следното лето.
rn
1. Перете го рачно
rnИако ова одзема малку повеќе време и труд, сепак на крајот ќе се исплати бидејќи на овој начин тој нема да се оштети. Најпрво е потребно да го исперете костимот за капење во млака вода за да ги отстраните трагите од сол или хлор. Потоа исперете го со благо средство, најдобро е со шампон или со течен сапун. На крај, исплакнете го добро. Немојте да го цедите со раце, туку завиткајте го нежно во пешкир.rn
2. Што е со перењето во машина за алишта?
rnАко веќе мора да го перете во машина за алишта, тогаш немојте да го ставате заедно со другите алишта, бидејќи на тој начин тој ќе се замота околу нив и ќе се развлече. Најдобро би било да го ставите во мрежа за перење алишта и да го перете на програма која е наменета за чувствителни алишта, најмногу на 30 степени.rn
3. Не сушете го директно на сонце
rnНемојте да го сушите костимот за капење директно на сончева светлина ниту пак на жица за алишта. Ако е можно сушете го на рамна површина во сенка. Ако го оставите да се исуши директно на сонце, неговата боја ќе избели уште пред да заврши вашиот одмор. И без разлика колку ви се брза, никогаш немојте да го сушите во машина за сушење алишта.
rn
4. Како да ги отстраните дамките?
rnАко дамката на костимот за капење е мокра, лесно отстранете ја со тапкање со марамче или памук, а потоа исперете го рачно кога ќе пристигнете дома. Сувата дамка немојте да ја стругате, бидејќи на тој начин ќе го оштетите костимот за капење, а нема ниту да ја отстраните дамката.rn
5. Како да го отстраните ситниот песок од костимот за капење?
rnПесочните плажи се прекрасни, но што е со оние ситни зрнца песок кои навлегуваат во ткаенината и не можете да ги отстраните? За почеток, намокрете го костимот за капење во млака вода и оставете го така неколку часа, а потоа исперете го рачно. Ако ова не ви помогне, почекајте костимот за капење потполно да се исуши и со помош на фен издувајте ги ситните зрнца песок. Секако водете сметка за тоа дека фенот треба да ви биде вклучен на ладен воздух.

