Пастата за заби ги лекува акните, мајонезот ја негува и регенерира сувата коса, фефероните го забрзуваат растот на косата, а кремот против хемороиди е одличен за отстранување на подочниците…rnrnВакви необични козметички совети има многу. Некои од нив ги користат дури и светските ѕвезди. Кетрин Зета-Џонс, на пример, забите ги мие со иситнети јагоди, а косата ја негува со рицинусово масло. Необично, но делотворно.rnrn
rnrnЈагодите совршено ги чистат и избелуваат забите, а не ја оштетуваат глеѓта. Рицинусовото масло ѝ дава сјај на косата и го спречува прекумерното паѓање. Манекенката Јана Гупта за туширање користи кокосова паста, бидејќи е противник на сите видови сапуни. Кокосот ја прави кожата мека и нежна, а ја подобрува и нејзината влажност.rnrnАктерката Хали Бери додава мелено кафе во купката за тело. Кофеинот од кафето ја поттикнува циркулацијата и на тој начин помага во разложувањето на целулитот. Еве неколку начини како да го користите кафето во борбата против целулитот.rnrnПостојат многу народни совети за нега и разубавување, но кои од нив навистина делуваат, а кои се само губење време без никаков козметички ефект? Одговор на ова прашање дале дерматологот др. Нил Садик и фризерот Рене Фрис.rnrnНа прашањето дали урината поволно делува на проблематичната кожа и помага во лекувањето на акните, одговорот е негативен, бидејќи таа не содржи ниту антибактериски, ниту какви било смирувачки супстанци, не ги стеснува порите и не ја регулира маснотијата на кожата. Според тоа, местото не ù е на вашето лице.rnrnЛимоновиот сок може да се користи како природно средство за осветлување на косата. Овој совет е точен. Лимонската киселина во комбинација со УВ-зраците помага во осветлувањето на косата. Доколку нанесете лимонов сок на вашата коса пред да излезете надвор на сонце, таа значително ќе осветли.rnrnДали црниот чај помага во лекувањето на изгореници од сончање и убоди од инсекти? Купка од јак црн чај навистина помага. Танинските киселини што ги содржи чајот ја отстрануваат жештината од изгорениците, го ублажуваат печењето и помагаат во лекувањето на кожата. Облога од зелен чај нанесена на кожа касната од инсект, го намалува отекувањето и го забрзува заздравувањето, особено ако се стави веднаш по каснувањето.rnrnМаслиновото масло ги прави ноктите поцврсти, а кожата околу ноктите нежна и негувана. Поради тоа, би било добро барем еднаш во неделата прстите да се потопат во маслиново масло. Не е точно дека косата побргу расте доколку се третира со маслиново масло. Иако поволно делува, тоа само ја прави косата посјајна, поздрава и помека. Се нанесува најмалку десет минути пред миењето на косата.rnrnКомпирот не го отстранува вишокот маснотија од лицето, па поради тоа не треба да се користи како козметичко средство, туку само за јадење.rnrnДали фефероните го забрзуваат растот на косата сè уште е дискутабилно. Според некои тврдења, фефероните ја подобруваат циркулацијата на крвта во главата, и тоа без разлика дали ги јадете или ќе го протриете коренот на косата со нив.rnrnКремот против хемороиди навистина поволно делува во намалување и отстранување на отечените подочници. Ако се нанесе под очите, надуените подочници ќе спласнат.rnrnМајонезот ја регенерира оштетената и сува коса, како резултат на мастите и маслата што ги содржи, но поради мирисот, а и бидејќи тешко се измива, подобра опција е некоја маска за коса.rnrnКремот против пеленски осип, освен што е хидратантен, содржи и противвоспалителни супстанци кои поволно делуваат на сувата и испукана кожа на петите и лактите.rnrnПастата за заби ги лекува акните. Овој козметички трик е точен. Бидејќи ја суши кожата, ќе ги исуши и акните ако се нанесе на нив и се остави да делува преку ноќ. Треба да се користи само привремено и треба да биде бела.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
