Отсекогаш сте биле енергични, но потоа одеднаш и без никакво објаснување сте „потонале“? И не само тоа, туку сте почнале да се соочувате со многу лоши ситуации истовремено, како губење пари, раскинување, болки во телото… Ако верувате во народните објаснувања, тогаш можеби ова се знаци дека некој ви фрлил клетва.rnrn
rn
1. Ненадејно губење енергија
rnВие сте биле личност полна со живот и енергија, а потоа одеднаш сте ја изгубиле целата волја, како за секунда да сте „потонале“ во некоја мрачна дупка.rn
2. Финансиски загуби
rnОтсекогаш сте воделе сметка за финансии. Но и покрај сè, и повторно без никакво објаснување, одеднаш сте изгубиле многу пари или сте се нашле во безизлезна финансиска ситуација.rn
3. Зачестени љубовни проблеми
rnВие одамна сте во стабилна љубовна врска, но во последно време минувате низ бродоломи, раскинувања, разводи или губење на желбата за секс.rn
4. Кошмари
rnКошмарите не се нешто невообичаено, но доколку се проследени со повеќе знаци од оваа листа, тогаш и тие можат да се сметаат како уште еден знак за клетва.rn
5. Губење накит
rnСте го изгубиле омиленото парче накит, ви се скинало ланчето што го носите од детството, прстенот ви испаднал од прстот додека сте биле во движење…rn
6. Лоша среќа
rnИако лошата среќа е нешто многу субјективно, и другите околу вас забележуваат дека минувате низ необична низа од лоши настани, што никако не престанува.rn
7. Необјаснива болка
rnИмате зачестени болки, најчесто во пределот на долниот дел од грбот, стомакот или во нозете, а докторите не можат да ви дадат медицинско објаснување.rn
8. Проблеми со спиењето
rnАко постојано се будите или претерано се потите и ако не можете долго да заспиете, а лесно се будите (а никогаш претходно не сте имале вакви проблеми), тоа исто така може да значи дека сте нечија мета.