За некого е траума, а за некого пак тоа е лошо, непријатно и непосакувано искуство. Постојат настани и ситуации кои се трауматични за секого од нас, нè погодуваат длабоко, лично, органски, се сместуваат длабоко и остануваат таму. Некои трауми може да ги споредиме со лошото искуство, а некои да ги прифатиме и да продолжиме со нашиот живот и покрај белезите кои ги оставиле.
rn
1. Траумата нè оштетува, лошото искуство нè опаметува
rnТраумата одзема дел од нас, нè оштетува физички, емотивно и психички – одеднаш. Учиме да го прифатиме губењето, да го разбереме оштетувањето и да се прегрупираме, да ги зајакнеме неоштетените делови, да поставиме нови приоритети и одново да го изградиме нашето секојдневие. Траумата не ни дава втора шанса, како што дава лошото искуство, кое нè учи што треба да избегнуваме и што да правиме за да не се случат некои работи повторно. Но, траумата со еден потег стигнува до свеста, до суштината на животот, до која лошото искуство никогаш нема да стигне, со едноставно повторување или избегнување.rn
2. Траумата се врзува за стравот, а лошото искуство за предизвикот
rnНадминувањето на траумата всушност значи ослободување од стравот. Излегување од мракот во којшто сме се криеле, за да не бидеме повредени, отфрлени, бидејќи вака оштетени не сме доволно добри за никого, во страв да не се случи нешто пострашно, тогаш кога најмалку очекуваме. Лошото искуство нè учи да внимаваме, но поради него не ја забораваме животната радост и не престануваме да бараме нови предизвици и следни прилики.rn
3. Кога сме беспомошни, траумата нè блокира, а лошото искуство ни го покажува патот
rnЛошите искуства се јасен патоказ на којшто пишува „НЕ по тој пат“. Траумата е каменот над дупката во којашто сме скриени и трепериме беспомошни и исплашени, без никаков пат пред себе по кој треба или пак не треба да продолжиме.
rn
4. Траумата успева да се всели во потсвеста, а лошото искуство е свесно
rnПодобро не би се сеќавале на лошите искуства, но добро ги памтиме. Секогаш ни предизвикуваат чувства на непријатност, срам и жалење. Но, секогаш може да ги искористиме кога се случуваат слични ситуации за да ја донесеме вистинската одлука, бидејќи знаеме што ќе се случи ако погрешиме. Лошите искуства не се постојано во нашата свест, туку се скриени во некоја фиока, која секогаш може да ја отвориме и да ја претресеме нејзината содржина.
Најлошите трауми се оние што сме ги потиснале, сме ги заклучиле во потсвеста и потоа сме го фрлиле клучот. Сме морале така, за да преживееме. Но, секогаш излегуваат за да нè плашат и нè тераат да се соочиме со нив. И тоа треба да го направиме, за да би ја реконструирале нашата личност и да ја излечиме нашата душа.rn
5. Траумата треба да ја прифатиме, лошото искуство треба да го интегрираме
rnКога ќе ја прифатиме траумата, започнува процесот на реконструкција и регенерација. Ако го изведеме до крај, траумата ќе остане само лошо искуство, кое е интегрален дел од нашата личност и нашиот живот и нешто на кое треба да бидеме благодарни, бидејќи поради тоа сме станале најдобрата верзија од себе.


