Немате навика да пиете вода? Внесете ги овие овошја и зеленчуци во вашата исхрана!

Сподели

Зеленчуците и овошјата што содржат големо количество вода се одлично решение за летните денови кога е исклучително важно нашиот организам да биде хидратизиран. Овие производи се од голема помош, особено за оние луѓе кои не сакаат или немаат навика да пијат вода.

Реклама

rn

1. Краставица – 96% вода

rnКраставицата е солиден извор на витамин Ц и А, но тоа што е најважно кај неа е дека содржи повеќе од 90% вода. Исто така, таа е нискокалоричен зеленчук и секогаш вкусен додаток во разни салати.rn

Реклама

2. Марула – 96% вода

rnОвде станува збор за одлична комбинација од ниско ниво калории и голема количина вода. Марулата содржи 96% вода и таа е одличен извор на хранливи влакна.rn

3. Домати – 95% вода

rnОва е уште едно овошје со солиден извор на витамин Ц и ниско ниво калории. Доматите содржат дури 95% вода во себе и тие се задолжителни во летниот период.rn

4. Лубеница – 92% вода

rnНа поголемиот дел од луѓето омилено летно овошје им е лубеницата. Тоа воопшто не е чудно, бидејќи станува збор за вкусно и слатко овошје. Лубеницата се најде на оваа листа токму заради тоа што содржи дури 92% вода.rn

Реклама

5. Спанаќ – 92% вода

rnОвој зелен зеленчук содржи 92% вода и е богат со магнезиум, калиум и витамин Б. Заради тие состојки консумирањето на спанаќ може да го зголеми нивото на енергија во организмот.

rn

6. Зелени пиперки – 92% вода

rnНа оваа листа се најдоа и зелените пиперки, бидејќи содржат дури 92% вода. Освен тоа, изобилуваат со витамини и минерали, вклучувајќи и витамин Ц, тијамин, витамин Б6, бета кератин и фолна киселина.rn

7. Јагоди – 90% вода

rnСлаткото овошје кое многумина го обожаваат се одлична летна закуска. Освен тоа што се богати со антиоксиданси и витамин Ц, јагодите содржат повеќе од 90% вода во себе.rn

8. Диња – 90% вода

rnНа оваа листа се најде уште едно вкусно овошје со висок процент на вода – дури 90%. Освен тоа, дињата е богата и со калиум, што е исто така важен за добра хидратација.rn

9. Портокал – 87% вода

rnНа слатките портокали ретко кој може да им одолее. Тие содржат 87% вода и се еден од најдобрите извори на витамин Ц. Исто така, грејпфрутот има големо ниво на вода и може да послужи како одлична замена за портокалите.rn

10. Ананас – 87% вода

rnУште едно сочно овошје кое има големо ниво на вода, овој пат од 87%. Ананасот е уште едно од овошјата што се одличен извор на витамин Ц.

За целосно освежување, ви предлагаме ова лето да ги испробате овие брзи рецепти за здрави и вкусни сокови.

Најново

Може ќе ве интересира