Стресот е неизбежен дел од живеењето на секој млад човек, но еве кои се работите за кои 20(и нешто)-годишниците не треба да се вознемируваат.rnrn
rn
Минатите случувања
rnОна што се случило во минатото не може да се смени. Нема потреба да се сосредоточувате на нешто што веќе поминало. Најдобро што може да направите е да учите од грешките и вашето минато, позитивно да влијае на она што допрва треба да се случи.rn
Успехот на другите
rnНе ја споредувајте вашата економска моќ со онаа на соседите или другарите. Можеби им завидувате на цимерите што можат да трошат повеќе од вас или не можете да си дозволите да излегувате толку често колку нив, но сепак не треба да се фокусирате на туѓите животи, туку единствено на својот.rn
Озборувањето
rnЛуѓето кои немаат доволно исполнет живот се оние кои најмногу имаат време за озборување. Ако вие сте задоволни од себе и својот живот, нема зошто да се преоптоварувате со нечиј друг. Следете го вашиот пат и не губете време за целите на другите.rn
Очекувањата на семејството
rnСекако дека сакате да им причините радост на родителите. Тоа се луѓето кои секогаш биле покрај вас и ве поддржувале емоционално и финансиски во сѐ што сте правеле. Но, факт е дека тие припаѓаат на друга генерација и имаат различно сфаќање за тоа што е успех. Не се грижете ако сега тие не ги разбираат вашите мотиви и цели, на крајот сепак ќе ве поддржат во нивното остварување.rn
Споредувањето со другите
rnТреба единствено да правите споредба помеѓу вие сега и вие во минатото. Ако нешто не ви се допаѓа кај вас, потрудете се тоа да го смените, а не само да се споредувате со другите. Споредувањето со другите нема да смени ама баш ништо.rn
Што бившиот/бившата мисли за вас
rnБившите се дел од минатото и надвор од вашиот сегашен живот. Нема потреба да се мачите што мисли некој/а што повеќе нема никаков контакт со вас. Ако постојано сте преокупирани со нив, никогаш нема да одите напред.rn
Каде ќе бидете за 10 години
rnСекако, важно е да се планира иднината, но никој не може да знае што точно ќе ни се случи за десетина години. Можеби ќе ви си случи токму нешто за кое никогаш не сте размислувале и не сте го планирале. Па затоа, сосредоточете се на сегашноста и искористете ја на најдобар можен начин.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.