Неколку причини зошто на секоја врска ѝ е потребен еден кој мисли и еден кој чувствува

Сподели

Според психолозите, комбинацијата на овие две карактеристики води кон создавање идеална љубовна врска. Тука не станува збор за фактот дека спротивностите се привлекуваат, туку за начинот на кој различни луѓе им пристапуваат на проблемите. Бидејќи едниот партнер е фокусиран на фактите, а другиот на емоциите, тие имаат совршен баланс еден со друг. Погледнете зошто е добро во секоја врска да има една личност која размислува со својата глава и една која размислува со своето срце…

Реклама

rn

Оние кои мислат се фокусираат на фактите во врската; оние кои чувствуваат се фокусираат на нивната интуиција

rnЗа време на почетоците на врската, оние кои мислат ги проценуваат сите факти. Тие ја анализираат својата позиција и моменталната ситуација со цел да го проценат статусот на врската. Но, оние кои чувствуваат се потпираат исклучиво на своите емоции. Дури и сите докази да покажуваат дека оваа врска не би успеала, тие ја следат нивната интуиција и го прават она кое чувствуваат дека е најдобро за нив.rn

Оние кои мислат идентификуваат надворешни сигнали дека нешто не е во ред; оние кои чувствуваат ги согледуваат овие сигнали на лицето кај партнерот

rnКога сметаат дека има некој проблем, оние кои мислат со својата глава ги анализираат социјалните мрежи, додека пак оние кои чувствуваат ги набљудуваат нивните партнери. Мислителите забележуваат дека нешто не е во ред само кога ќе видат директен доказ со свои очи. но оние кои чувствуваат знаат дека нешто не е во ред дури и пред да најдат доказ.rn

Оние кои мислат се обидуваат да ги решат проблемите со идеи; оние кои чувствуваат ги следат нивните емоции

rnМислителите наоѓаат најразлични начини да ги решат проблемите во врската, како на пример, купување цвеќе или чоколадо и давање комплименти. Од друга страна, оние кои размислуваат со своето срце нема да се обидат да го решат проблемот сè додека нивното чудно чувство во стомакот не исчезне. Тоа најчесто се губи откако оној кој размислува ќе го направи првиот чекор.rn

Оние кои мислат прво гледаат што не е во ред; оние кои чувствуваат прво гледаат што е во ред

rnСекоја врска поминува низ подеми и падови. Но, ако и двете страни постојано го гледаат негативното, таа врска без сомнение нема долго да трае. Кога оние кои мислат се насочени кон лошото, оние кои чувствуваат имаат моќ да го забележат и издвојат доброто. Тие сè уште можат да ја следат својата интуиција која им кажува зошто треба да останат во оваа врска, на тој начин создавајќи шанса за спасување на истата.rn

Оние кои мислат гледаат на конфликтот како нормален дел од врската; оние кои чувствуваат го сфаќаат како знак дека нешто не е во ред

rnОние кои мислат со својата глава сметаат дека секој проблем има свое решение, но оние кои чувствуваат со срцето ги гледаат караниците како нешто многу пострашно. Токму затоа и мислителите најчесто се соочуваат со конфликтот така што наоѓаат решение, додека оние кои чувствуваат бегаат подалеку од него.rn

Оние кои мислат сакаат да бидат во право; оние кои чувствуваат сакаат да бидат ценети

rnМислителите најчесто сакаат да ја покажуваат нивната доминација, додека пак оние кои се повеќе насочени кон своите емоции сакаат да бидат пофалени за добрата работа, но и некој да се грижи за нив. Тие што размислуваат ќе се почувствуваат загрозено ако не се доживувани како заштитници на врската, додека оние кои чувствуваат сметаат дека се загрозени кога не го добиваат потребно внимание и љубов.rn

Оние кои мислат ја бараат вистината; оние кои чувствуваат го бараат она што прави да се чувствуваат подобро

rnМислителите не само што се директни и искрени со другите, туку на истиот начин се однесуваат и кон себе. Доколку нешто не е во ред, тие или ќе го поправат тоа или ќе ја преземат вината. Од друга страна, оние кои чувствуваат не секогаш сакаат да ја чујат вистината. Тие попрво би сакале да го слушнат тоа што повеќе им одговора.

Популарно

Може ќе ве интересира