КАФЕ ПАУЗА

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Чајот е топол, вкусен напиток, кој позитивно влијае врз нашето здравје. Доколку не знаете каков чај да си направите денес, погледнете ги следните неколку предлози.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

Бел чај

rnДоколку сакате да пробате нешто ново, почнете со белиот чај. Не е толку јак како другите чаеви, а истовремено го намалува холестеролот и крвниот притисок. Доколку одамна не сте пиеле чај, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

Чај за спиење

rnДоколку сакате помирен и поубав сон, тогаш пробајте чај за спиење. Постојат најразлични чаеви за спиење од различни производители, сите нив ги карактеризира помало количество кофеин, а ваше е да го изберете оној кој вам најмногу ви одговара. Ваквиот чај ќе ве смири и релаксира по напорниот ден.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

Чај за слабеење

rnДоколку навистина сакате да постигнете резултати со слабеењето, набавете улонг. Тој е одличен напиток во битката со килограмите, а може да се користи и во посериозни ситуации на прекумерна дебелина или кардиоваскуларни проблеми.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

Чај од портокал

rnПиењето чај од портокал со себе носи многу здравствени придобивки. Богат е со антиоксиданси кои го спречуваат стареењето. Исто така, позитивно влијае и врз работата на срцето.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

Црн чај

rnДоколку барате замена за утринското кафе, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Црниот чај има силен, интензивен вкус и истиот се служи со млеко и шеќер. Овој чај има највисоко количество кофеин, што сигурно ќе ве направи поактивни и поенергични, а будењето ќе го направи полесно.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

Чај од нане

rnЧајот од нане е одличен за смирување на болките во стомакот, а се користи и превентивно, против настинка. Исто така, се препорачува и за лечење на воспалено грло. Доколку одамна не сте го пиеле, не двоумете се и опуштете се со топла шолја чај од нане.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробатеrn

Зелен чај

rnПокрај многуте здравствени придобивки, зелениот чај е и навистина многу вкусен. Ја одржува кожата чиста, заштитува од срцеви заболувања, депресија и го подобрува целокупниот имунитет. Уште една одлична замена за утринското кафе.rnrnНеколку предлози за чај кои мора да ги пробате
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.