Иако девојките и жените во последно време за виткање ја користат пеглата за коса, сепак локните коишто се прават со фигаро се незаменливи. Доколку сакате да инвестирате одредена сума пари во овој апарат, еве неколку основни правила за негово користење.rnrn
rn
1. Не почнувајте со виткање од самиот корен на косата
rnНикогаш не почнувајте да го виткате праменот од коренот на косата. Оставете барем два сантиметри од коренот, при што локните ќе изгледаат поприродно. Истото правило важи и за краевите – никогаш немојте да ги виткате!rn
2. Тргнете ја косата од лицето
rnКога ја виткате косата со фигаро, секогаш виткајте ја во правец спротивен од лицето. На тој начин вашата фризура ќе изгледа поприродно, а косата ќе има поголем волумен и текстура.rn
3. Ракувајте правилно
rnНачинот на држење на фигарото исто така има влијание на тоа како ќе изгледаат вашите локни. За нивен поопуштен изглед, фигарото држете го вертикално, а да бидат поцврсти, подобро е да го држите хоризонтално.rnrn
rn
4. Чистете го фигарото
rnКога ќе завршите со користење, откако ќе се олади, секогаш чистете го со влажна памучна крпа, за да ги отстраните евентуалните остатоци коишто сте ги користеле за формирање на локните, како што е на пример пената за коса.rn
5. Имајте природен изглед
rnДоколку по некоја случајност сте ги извиткале и краевите на локните, на крај можете да ги испеглате, за да имате поопуштена и поприродна фризура.rn
6. Придржувајте ги локните
rnКога ќе извиткате одреден прамен, секогаш придржете го во раката пред да го пуштите, за прво добро да се олади. На овој начин вашите локни ќе бидат потрајни.