Пиво – пијалак кој е обожуван и од жените и од мажите.rnrn
rnrnЕве неколку начини како да го употребите пивото во секојдневното живеење, ако не го пиете.rn
Полирање на мебел и покуќнина
rn
Замислете колку би било поинтересно ако чистите по дома со пиво. Тогаш, домашните обврски нема да ви претставуваат потешкотија, нели? Пивото е одлично за полирање на дрвенарија. Тоа на дрвото му дава сјај и здрав изглед.
rnrn
Купка од пиво
rnСон на секој маж. Во полна када со топла вода, ставете неколку конзерви пиво. Верувале или не, ова е одлично за вашата кожа, ако се земе предвид дека квасецот е основна состојка во пивото. Тоа ја измазнува кожата и ја прави сјајна.rn
Маринада
rnБифтекот ќе биде многу посочен ако еден ден отстои во маринада од пиво. Не само што месото ќе биде повкусно, туку и многу меко.rn
И помага на тревата да расте побрзо
rnСтавете малку пиво на оние места од вашиот тревник кои се исушени и со кафена боја. Тревата ќе ги апсорбира хранливите материи и шеќерот и ќе порасне побрзо.rn
Уништува полжави и штетници
rnНаполнете една конзерва со 1/4 пиво. Конзервата закопајте ја во земјата во вашата градина. Штетниците ќе се опијат од мирисот и ќе се удават.rn
Стапица за глувци
rnНаполнете една кофа со евтино пиво. До кофата ставете една штица како би можеле глувците да се искачат до кофата. Тие ќе се намамат од миризбата и ќе се удават во кофата со пиво.rn
Го смирува стомакот
rnОва ќе ви се допаѓа најмногу. Седнете и напијте се пиво. После кратко време, вашите болки во стомакот ќе се смират. Алкохолот ќе ја намали болката. Важно: Овој совет не го земајте предвид ако имате гастритис или чир.rn
Полирање на злато
rnНамокрете парче ткаенина со пиво и почнете да го триете парчето злато (прстен, синџирче, брош) додека не видите дека почнува да сјае. Ова не го употребувајте ако има вметнати скапоцени камења во накитот.rn
Гответе со пиво
rnВо пиво можете да готвите ракчиња. Тие ќе ја задржат нивната свежина и ќе бидат крцкави.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
