КАФЕ ПАУЗА

Не смеете да ги занемарите: Знаци на нарушување на когнитивната функција

Не смеете да ги занемарите: Знаци на нарушување на когнитивната функција

Некои аспекти од стареењето се неизбежни, а стареењето на мозокот е еден од нив. Без разлика колку се грижите за вашиот мозок, очекувана и нормална е промената на неговата когнитивна функција со текот на годините.rnrnНе смеете да ги занемарите: Знаци на нарушување на когнитивната функцијаrnrnСепак, границата помеѓу знаците на стареење и знаците на сериозно когнитивно нарушување може да биде донекаде субјективна и тешко е да се дефинира. Оваа средна зона помеѓу нормалното стареење на мозокот и деменција се нарекува благо когнитивно оштетување (MCI) и може да биде причина за загриженост – штом ќе почнат да се појавуваат знаци на MCI, тие можат да напредуваат во деменција (обично во форма на Алцхајмерова болест).rnrnДеменцијата погодува приближно 24 милиони луѓе ширум светот и се очекува да се зголеми четирикратно до 2050 година.rn

Фактори за когнитивно опаѓање

rnПостојат многу фактори- и генетски и епигенетски – кои можат да го зголемат ризикот од развој на деменција, вклучувајќи:rn

    rn 011

  • Даунов синдром
  • rn 011

  • Дијабетес тип 2
  • rn 011

  • Депресија
  • rn 011

  • Висок крвен притисок
  • rn 011

  • Пушење
  • rn 011

  • Недостаток на ментална активност
  • rn 011

  • Недостаток на физичка активност
  • rn 011

  • Нездрава исхрана
  • rn 011

  • Недоволно ниво на витамин Д
  • rn

rn

Од исклучителна важност е да обратите внимание на овие знаци:

rn

Ги заборавате неодамнешните настани

rnГубењето клучеви, заборавањето на името на ресторанот што сакате да го посетите или името на книгата што неодамна сте ја прочитале е сосема нормално за луѓето во сите фази од животот, но заборавањето на одреден настан што се случил неодамна може да биде причина за загриженост.rn

Ги поставувате истите прашања

rnОдново и одново ги поставувате истите прашања дури и без да забележите.rn

Тешкотии при справување со одредени ситуации

rnНе можете да ги завршите успешно задачите кои ви се добро познати како што се плаќање сметки, користење на вашиот мобилен телефон или готвење.rn

Збунувачки времиња и места

rnЈа губите смислата за времето (не станува збор за нормалната реакција „ох, зарем веќе е петок?!“) и не можете да се сетите/разберете каков настан ве очекува во блиска иднина.rn

Заборавате вообичаени зборови

rnСо тешкотија учествувате во разговор со другите бидејќи честопати ви се случува да заборавите сосема обични зборови од вашето секојдневие.rn

Лоша проценка

rnЧестопати сте жртва на измами, не можете да управувате со вашите финансии или имате тешкотии при грижата на вашето милениче.rn

Чести промени во расположението

rnЛесно се иритирате или вознемирувате од нешта кои се вообичаени и познати, или се плашите и се сомневате во луѓето околу вас.rn

Се губите на познати места

rnЈа губите ориентацијата во места што често ги посетувате како на пр. поштата, супермаркетот, аптеката или вашето маало.rn

Имате проблеми со грижата за себе

rnТешко ви е да одржувате соодветна хигиена и да се придржувате до здравата исхрана.rnrnОткако ги прочитавте знаците на когнитивното нарушување, можеби ќе сакате да прочитате и како да го одржувате мозокот во добра форма.rnrnИзвор: mindbodygreen.com