КАФЕ ПАУЗА

Не постои недостижен маж: 5 клучни трикови кои ќе ви помогнат да освоите сечие срце!

Секоја жена, барем еднаш во својот живот запознала маж кој ѝ делувал недостижно, па токму затоа и не се обидела да проба да го освои. Но, по некое време, може да се случи тој да пронајде девојка која и не е толку подобра од неа, па таа да се запраша дека можеби сепак имала шанси со вистинскиот пристап. Па, доколку сте биле во ваква ситуација, тогаш погледнете ги следниве 5 начини на кои и вие можете да „уловите“ дечко кој на прв поглед ви делува премногу добар за да биде ваш…rnrnНе постои недостижен маж: 5 клучни трикови кои ќе ви помогнат да освоите сечие срце!rn

1. Престанете да се уверувате дека не можете

rnПрвата препрека се појавува токму во вашите глави. Доколку самите се уверувате дека не можете да го освоите, тогаш целиот универзум ќе се потруди да ви докаже дека сте во право. Но, доколку си кажете дека и покрај сè, сепак имате шанси, работите брзо ќе ви тргнат во вистинската насока.rn

2. Престанете да се споредувате

rnДругите девојки се можеби поубави од вас, некои попаметни, некои можеби дури и покомуникативни, но никогаш нема да можете да го освоите мажот од вашите соништа доколку размислувате постојано за другите жени. Не се споредувајте со никого бидејќи на тој начин вие ќе станете незабележлива за мажите.rn

3. Станува збор за маратон, а не за спринт

rnДоколку тој навистина ви се допаѓа, немојте веднаш нападно да му пристапите. Почнете полека да го привлекувате неговото внимание, чекор по чекор, и во ниту еден момент не му правете притисок. Дозволете им на нештата сами по себе да се развиваат.rn

4. Живејте го вашиот живот

rnНемојте да се фокусирате само на него и да заборавите на вашиот живот. Доколку целосно се насочите кон освојувањето на неговото срце вие можете дури и да му делувате очајно. Правете што ќе правете, дружете се, излегувајте со пријателките, бидете си интересни самите на себе и на тој начин ќе му станете интересни и нему.rn

5. Заљубете се во себе

rnДоколку не се сакате самите себеси и не го покажувате тоа, како очекувате тој да знае дека сте вредни за неговата љубов? Мажите многу често брзо ја чувствуваат самодовербата на жените и секогаш повеќе ги почитуваат оние кои имаат силен став и кои цврсто стојат зад себе.