Без разлика дали ја барате бескрајно и дали ризикувате сè што имате, вистината е дека нема да пронајдете љубов додека не сте подготвени истата да ја прифатите.rnrn
rnrnМожете да направите некој да се чувствува неверојатно. Можете да ја држите неговата рака кога се чувствува исплашено или анксиозно. Можете цела вечер да разговарате со него и да не сакате да одите во кревет. Можете да дозволите сите овие неверојатни работи да ве трансформираат, но нема да добиете ништо за возврат сè додека не сте вистински подготвени да ја прифатите љубовта во целост.rnrnМожете да давате нешто што мислите дека е љубов, но нема да чувствувате дека е вистинско ако не сте подготвени. Личноста на која ѝ ја давате оваа љубов нема да ви ја возврати. Возможно е да сакате да давате љубов, а да не сакате да ја примите. А причината што не сакате да ја примите е тоа што веројатно мислите дека не ја заслужувате. На некој начин сте се убедиле дека не сте достојни за љубов, и толку сте убедливи во тоа што личноста која сака да ве љуби го верува истото. Вие не верувате во себе. Вие сметате дека љубовта е нешто што не го заслужувате.rnrnА бидејќи не можете да ја прифатите љубовта, вие ќе давате додека не остане ништо, а потоа ќе се прашувате што се случило. Како можела таа личност да ве напушти откако сте се испразниле за неа? Вистинската љубов не треба да ве испразни. Вистинската љубов треба да ве наполни со сите нешта кои се различни од она што сте го давале. Не ве исполнува целосно, но ви ги дава нештата што сте ги немале. Но, најпрво треба да го дозволите тоа.rnrnНема да ја најдете љубовта која ќе ви го промени животот додека не сте подготвени да ја прифатите. Додека не се сакате доволно за да му дозволите и на некој друг да ве сака. Додека не сте подготвени да ризикувате да останете со скршено срце. Вие заслужувате љубов без разлика низ што сте поминале. Без разлика колку пати ви го скршиле срцето. Без разлика што ви кажале другите или што ве натерало да верувате. Вие заслужувате љубов. Верувајте во тоа и следниот пат кога некој ќе се обиде да ве љуби ќе ви биде полесно да го прифатите тоа.rnrnПрочитајте ги и основните разлики помеѓу заљубеноста и вистинската љубов!
Не можете вистински да се вљубите сè додека не ја прифатите љубовта во целост
